ДОМ сака да го искаже својот став во врска со дебатите околу планирањето на семејството и абортусот во тој контекст. Ставот на ДОМ е дека правото на абортус е веќе одредено со закон и произлегува од Уставот како загарантирано право на избор на секој поединец. Затоа сметаме дека дебатите за или против абортусот се беспредметни.
Наместо тоа ДОМ излегува со конструктивни предлози во врска со планирањето на семејството, заштита од несакана бременост и сексуално-преносливи болести. Затоа ги предлагаме следниве мерки што треба да ги превземе државата:
- Намалување на ДДВ од 18% на 5% за контрацептивните средства;
- Ставање на позитивна листа на лекови на контрацептивните таблети за жените;
- Воведување сексуално образование за младите.
Со овие три барања, ДОМ започнува кампања која ќе ја води преку Младинската организација на ДОМ, Форумот на жени и комисијата за здравство. Ќе предлагаме измени на закони, владини мерки и подигање на јавната свест.
На прес конференцијата говореше д-р Мартин Лазаров од Комисијата за здравство на ДОМ
Скопје, 15.01.2011 –
Сектор за односи со јавност на ДОМ