Комплицирани административни процедури и високи казни за неликвидно стопанство
- Оправдано или не
- Праведно или неправедно
- Добро или лошо
НАОДИ И ПРЕПОРАКИ
Од дискусиите изнесени на форумот произлегоа следните наоди и препораки:
- Регулативата која се однесува на стопанство
- И покрај отпочнувањето на т.н. процес на регулаторната гиљотина владата не успеа да ја поедностави, намали, усогласи регулативата која се однесува на стопанството на Македонија.
Предлагаме континуирано а не кампањско спроведување на процесот на регулаторна гиљотина.
Предлагаме организирање на перманентен електронски форум на кој стопанствениците ќе можат да даваат предлози за регулатораната гиљотина, а од страна на Владата пак да има одговори за дадените предлози. Доколку одоговорите се позитивни, да се даде и план за спроведување на истите како и отчет за спроведеното.
Регулативата мора да се усогласи, поедностави и намали низ тој процес.
2. Регулативата се менува често
Предлагаме креирање на е-процес (е-форум) на создавање на регулатива во кој активно од сам почеток ќе бидат вклучени заинтересираните страни.
- Менувањето на регулативата не можат да ја следат сите. Во големите фирми има услови да биде вработен човек кој ќе се грижи за усогласеност на фирмата со регулативата. Во банките дури и со закон е утврдено дека ќе има таков човек, односно сектор. Но, во Македонија фирмите се главно мали и средни и тие немаат услови за следење на измените и навремено усогласување со истите. Објавите во медиумите за менување на некоја регулатива не е соодветно и точно информирање за истото. Во Службен Весник се објавуваат измени, а повремено и прочистени текстови на закони. И електронскиот и печатениот Службен весник е скап.
За да можат малите фирми да ја следат измената потребно е да бидат адекватно и бесплатно иноформирани за промените во регулативата. Агенцијата за странски инвестиции треба да помине во Агенција за инвестиции и да има канцеларии низ Републиката и таквите канцеларии покрај другите задачи треба да вршат и перманентно информирање на фирмите за регулативата (идејата за ваква агенција ќе биде дополнително разлгедана од Економскиот Форум на ДОМ).
Електронскиот Службен весник треба да биде бесплатен. На веб страницата на Службен весник треба да бидат сите закони и прописи. Истиот треба да генерира“Писмо со новости” секогаш кога ќе има некаква промена на регулативата. Фирмите треба да можат да се пријават да добиваат такво писмо со новости.
Во писмото со новости мора да се дава и едноставно објаснување за настанатата промена.
3. Казните пропишани со регулативата се:
- Високи
- Несоодветни на прекршоците
- Несоодветни на големината на фирмите
- Директно се оди на казна, без опомена и давање на период на отстранување на неусогласеноста со регулативата
Казните мора да се намалат и да бидат усогласени со тежината на прекршоците.
Истите треба да бидат усогласени и со големината на фирмите. Не може фирма со тројца вработени да плати иста казна како фирма со стотина вработени.
Не смее инспектор да изрече казна без да даде опомена и разумен рок за отстранување на неусогласеноста со регулативата
Препорачуваме да се оди со брзо прегледување на регулативата и менување на казнените одредби во склад со овие препораки.
4. Организација на администрација, постапки и процеси на вршење на контрола, но и на жалба.
Има голем број на административни органи со кои фирмите мораат да комуницираат при што се создава конфузија.
Пример: Ние имаме брза регистрација на фирми но ретко кој знае дека откако ќе се регистрира фирма потоа мора да отиде и до пазарна инспекција да се пријави дека почнал да работи. |
Мора да се поедностават овие процедури и да се дојде до вистински едношалтерски систем. Овој процес треба да се забрза и да се работи во согласност со регулаторната гиљотина
Во разните комуникации со државните органи се бараат документи кои ги издаваат пак државни органи, и уште полошо, се бараат документи кои ги издава самата институција односно информации кои ги има самата институција.
Пример: Во тендерите за издавање на земјоделско земјиште под закуп се бара информација дали барателот веќе има земено земјиште под закуп, како и дали барателот си ги намирил своите обврски по евентуален друг договор за закуп. Барањето се доставува до Министерство за земјоделство а тие податоци ги има самото министерство. Изјавата дека нема-има друго земјиште под закуп и дека ги платил-не ги платил обврските се заверува на нотар со плаќање на пари. |
Во сите постапки во кои државата ги има информациите што и требаат истите не треба да се бараат од фирмите.
- Постапките/процедурите на вршење на инспекциите се честопати нејасни, недефинирани и се случува да се спроведуваат на непрофесионален начин пришто испекторите кон стопанствениците се однесуваат како кон криминалци а не како создавачи на нова вреднос. Некои од инспекторите не си ја познаваат проблематиката на работата.
Постапките-поцедурите на вршење на испекциите мора да бидат јасно и праведно поставени со регулатива и да бидат достапни до фирмите.
Инспекторите мора да бидат соодветно образовани и обучени за спроведување на инспекциите. Нивното однесување мора да биде на највисоко професионално ниво. Потребно е да се спроведуваат нивни континуриани обуки.
Процесите на контролата мора да бидат спроведувани строго според пропишаните постапки.
Не може само врз основа на закон да се вршат контроли. Мора да се пропишат постапките и процедурите за спроведување на контрола, но и за жалба по контрола пред спроведување на било каква контрола. Сите органи да бидат формирани пред да се спроведува било каква контрoла.
При доаѓање во фирма инспекторот мора да покаже налог, но и сет од пишани упатства и процедури за: самото водење на конторолата, можните казни, процесот на жалба.
Испектор на кого во жалбена постапка некoлкупати му паднал наодот за казна мора да биде отстранет од работа.
- Селктивност во одредувањето на фирмите во кои ќе се врши контрола. Се случува некои фирми да се контролираат по неколкупати во текот на даден временски период додека други фирми воопшто не се контролираат. Има случаи каде се гледа дека има тенденциозност во вршењето на конторола и изречување на казни.
Покривањето на сите фирми со контрола мора да оди со ред и не смее да има тенденциозност во изречувањето на казните. Ова треба да се направи преку воведување систем на бирање на фирми за контрола, но и градење на постапките и процедурите кои ќе бидат јавно достапни за фирмите.
Географското распоредување на спроведувањето на конторолите на фирмите мора да биде застапено и мора да има јавен отчет за спроведените контроли. Испекциските служби треба квартално да даваат информација на веб со статистички податоци за спроведените контроли.
5. Спроведување на казни
Фирмите се неликвидни, изречените казни не можат да ги платат одеднаш
Фиримте треба да можат да изберат дали казните ќе ги платат одеднаш или на рати. Готовинските текови на фирмата мора да се следат. Во друг случај фирмата умира поради неликвидност.
6. Антикризни мерки и овозможување на нови инвестиции
- На многу фирми оваа година им се изречени разни високи казни. Во услови на неликвидност тоа предизвикува затворање на фирми.
Бидејќи мерките кои се погоре споменати ги немало до сега, предлагаме еднострано да се укинат-вратат сите казни кои беа изречени годинава со цел да се подигне ликвидноста на стопанстовото, а истите казни да се заменат со опомена. Да се извршат нови контроли во истите фирми по одреден разумен рок и да се утврди дали ги отстраниле неусогласеностите со прописите.
7. Инвеститорите се исплашени од казните и од спроведувањет на казнената политика
Сите горе опишани мерки треба најитно да се спроведат за да се отстранат сомнежите, пред се на домашните инвеститори, дека државата воведува екстра данок на селектвни фирми преку казни и го полни буџетот преку тоа. Со тоа ќе се овозможи вистинските херои на нашето време – домашните инвеститори/претприемачи да влезат во нов инвестиционен циклус кој ни е повеќе од потребен.