ДОМ ЗАПОЧНУВА КАМПАЊА
СКОПЈЕ ЗЕЛЕН ГРАД
Демократската обнова на Македонија – ДОМ, како партија на зелената опција, изразува сериозна загриженост за состојбите со зелените површини во Скопје кои забрзано се намалуваат на сметка на интензивната и агресивна урбанизација на главниот град во периодот на транзицијата. Урбанистичкиот бум доведе до уништување на градското зеленило, па наспроти европскиот стандард од 25 м² зелени површини по жител, во Скопје на секој жител има 8 м² градско зеленило. Ова влијае на квалитетот на животот на скопјани, зашто со намалувањето на зелените површини се зголемуваат сите видови загадување – на воздухот, почвата, водите, бучавата итн.
Затоа, ДОМ поведува широка кампања за СКОПЈЕ ЗЕЛЕН ГРАД, со три основни барања:
- Да се утврдат зелените површини во идниот ГУП – Генерален урбанистички план (стремејќи се кон европскиот стандард од 25 м² зелени површини по жител).
- ТРИ ЗА ЕДНО – секое исечено дрво во Скопје Градот односно општините треба да го надоместат со садење три нови.
- Скопје да влезе во мрежата на зелени градови I.C.L.E.I.
Кампањата започнува на 6.11.2009, петок, во 5 до 12 на платото пред Дом АРМ со мултимедијалниот настан
ПЕТ ДО ДВАНАЕСЕТ ЗА СКОПЈЕ ЗЕЛЕН ГРАД
и ќе трае до 21.03.2010, Денот на пролетта и екологијата.
ДОМ ги поканува сите граѓани, институции, партии невладини и други организации, да ни се придружат во оваа благородна акција.
Со почит,
Тони Ристов,
Центар за информации и комуникации
Скопје, 04.11.2009