Родовата рамноправност е еден од приоритетите на ДОМ како зелена партија. Тоа е дел од човековите права и една од милениумските цели на ОН. Во очи на 8.март сакаме да им го честитаме празникот на сите жени во Македонија со една конкретна иницијатива. Имено, на Владата ѝ предлагаме социјални мерки со кои ќе се овозможи усогласување на приватниот и професионалниот живот на жените преку:
- двосменско работење на градинките
- проширување на дневниот престој во училиштата
- обезбедување градинки за социјално загрозените семејства.
Ова го предложи претседателката на ДОМ, Лилјана Поповска.
Од друга страма Билјана Дејановска Димитриевска, координатор на Форумот на жени на ДОМ, смеда дека овие мерки се во функција на превенција, за здрав и квалитетен живот на децата, во функција на популационата политика на Владата, и овозможуваат на жената да се реализира и како мајка и како професионалец, по примерот на Франција кој дал одлични резултати и во функција на економскиот развој, преку отворање нови работни места.