Меморандум за заедничка соработка меѓу ДОМ И ПЕИ

Врз основа на чл. 4 од Статутот на ПЕИ  и чл.2 од Статутот на ДОМ, на својата заедничка седница одржана на 17 октомври 2008 г., извршните органи на Партијата за европска иднина на Македонија и Демократската обнова на Македонија, го усвоија следниот:

М Е М О Р А Н Д У М ЗА ЗАЕДНИЧКА СОРАБОТКА

  1. Партијата за европска иднина и Демократската обнова на Македонија, тргнувајќи одразвојнитенасоки на Република Македонијаи посебно од своитеполитички и програмскиприоритети, потпишуваат меморандумзазаедничка соработка, координација и усогласување во своето политичко делување.
  2. Демократската обнова на Македонија и Партијата за европска иднина оценија дека можатда дадатзначително поголем придонес во парламентарниот, политичкиот, социјално-економскиот, културниот и јавниот живот на РепубликаМакедонија, доколку гообединат и усогласат своетодејствување, посебно во областитекои се заеднички програмско-политички приоритетии за кои двете партии имаат докажанајавна и граѓанска поддршка.  Заедничка е заложбата за рамномерен регионален развој на Република Македонија, со мерки зазабрзанопштествено економскиразвој надепресираните региони и општини. Ќе се инсистира на реализација на проекти за одржлив развојкои ќе обезбедат инвестицискии инфраструктуренподем, вклучувајќи интензивно вработување, образование, јавно здравствои комунална инфраструктура во тие делови од земјата.Двете партиисе согласија да ги унапредуваат граѓанскиот концепт и зелената опција како суштински придонес за европската иднина на државата. Во тие рамки ќе се залагаат за: одржлив развој, заштита на животната средина, развој на туризмот, квалитетно високо образование и научно истражувачка дејност, толеранција и почитување на различностите, афирмација на македонската култура, идентитет и јазик во земјата и во странство. Човековите права и граѓански слободи, вклучувајќи ги и оние на етничките и други заедници, ќе бидат приоритетни во дејствувањето на двете партии.
  3. Во иднина, ПЕИ и ДОМ, ќе ги ускладуваат своите парламентарни, вонпарламентарни, јавни и медиумски настапи и ставови,  и ќе настојуваат на соработка на своите органи и форми на дејствување.Двете партии ќе организираат заеднички обуки на кадар и активисти, културни и јавни манифестации, аналитички и истражувачки дејности.
  4. Двете партии ќе преземат мерки за усогласен настап, кампања и активности, во рамките на коалициската политика за претстојните претседателски, локални и други избори. Двете партии остануваат отворени за соработка и договарање и со други заинтересирани парламентарни и вонпарламентарни партии, на истата основа.Двете партии во истата смисла ќе ја координираат и својата меѓународна соработка и надворешно-политички активности.
  5. Партијата за европска иднина и Демократската обнова на Македонија,  го оценувааткако успешнодосегашното остварување на изборната програма и политика на владеачката коалицијаво која и самите учествуваат. ДОМ и ПЕИ ги поддржуваат внатрешните реформи, економскиот развој и демократските придобивки кои не приближуваат кон Евроатлантските интеграции. Очекуваме дека воскорешно време ќесе определат условите и термините за преговорите за  полноправно членство на Македонија во ЕУ. Менаџирањето на разговорите со Грција за надминување на спорот за името се одвива поволно и во интерес на државата и нацијата. ПЕИ и ДОМ ја поддржуваат оваа политика.ДОМ и ПЕИ  оценуваат дека како составен дел на владината коалиција, даваат соодветен и значаен придонес во остварувањето на реформските програми и политики на Владата, како коректни и посветени коалициони партнери.
  6. ПЕИ и ДОМ го задржуваат својот партиско-политички идентитет и самостојност, како и својот воспоставен однос со партиското членство и симпатизерите, а меѓу нив ќе ја афирмираат договорената соработка која ќе се остварува преку  координативно тело.