Почитувани
Ве покануваме на регионалната конференција на Балканските зелени партии „Одржливо управување со водните ресурси во балканскиот регион“. Конференцијата ќе се одржи на 01.10.2008 година (среда) во хотел „Арка“ со почеток во 10 часот. Организатор е Демократска обнова на Македонија – ДОМ во соработка со партиите на зелените од Република Грција, Република Бугарија, Република Албанија и Република Србија.
Темата на конференцијата е извонредно актуелна и значајна за сите земји на Балканот.Очекуваме да ги лоцираме позитивните примери, но и проблемите кои можат да се надминат низ заедничка соработка на балканските држави.Убедени сме дека животната средина не ги признава државните граници и е една од најдобрите теми за политичко приближување на државите. На овој начин сите заедно да придонесеме за побрзо интегрирање на Република Македонија и останатите земји од Западен Балкан кон Европската унија.
Контакт лице: Тони Ристов на 078 303 150
Центар за информации и комуникации
На Демократска обнова на Македонија – ДОM
Скопје, 29.09.2008 г.