ДОМ, како партија на зелената опција ја поздравува јасната заложба на владата да и посвети сериозно внимание на екологијата и заштитата на животната средина. Ова е прва Влада што сериозно се посвети на екологијата. Го поздравуваме носењето на законите, чистењето на Вардар и редица други активности во таа насока.Но, доследни на својата зелена определба, ДОМ ќе иницира дополнителни допрецизирања на законската регулатива и целосно хармонизирање на законите за отпад, јавна чистота и локална самоуправа.Иако со години невладините еколошки организации со голем ентузијазам се залагаат за подигање на еколошката свест во Македонија, екологијата кај нас е сеуште недоволно разбрана со сето нејзино значење во современиот свет. Оттука се појавуват редица недоречености и непрецизности во законите.
Ние од ДОМ како партија на зелената опција, ќе придонесеме овие процеси да се забрзаат. Затоа ДОМ преку својата комисија за екологија најавува организирање на јавни дебати за начинот на спроведување на законите за отпад, јавна чистота и локална самоуправа, анализа на реалните состојби на теренот, а ќе иницираме прецизирање на надлежностите на инспекциските служби за комунална хигиена и заштита на животната средина.Ова од причина што постојат инспекциски служби на национално и локално ниво со различни надлежности. Едни под Министерството за животна средина, други под транспорт и врски, трети под локалната самоуправа. Недостасува нивна координација и ефикасност.Нам и на странските туристи ни треба убава Македонија каде ќе имаме квалитетен живот и економски ефекти од развојот на туризмот и земјоделието. Во насока на тоа ДОМ како зелена партија и како дел од Владата ќе придонесе:
- за подобрување на законските и подзаконските акти поврзани со животната средина
- нивно доследно спроведување
- превземање низа еколошки акции за подигање на еколошката свест. ДОМ ќе посвети особено внимание на урбаната екологија, што значи грижа за градските средини, затоа што тука состојбата со јавниот ред и чистотата е најлоша.
И како што најавивме за време на изборната кампања предлагаме 2009 да ја прогласиме за зелена година. Затоа ги повикуваме сите граѓани кои се препознаваат во овие заложби да ни се придружат и да станат пријатели на зелената опција.