Претседателката на ДОМ Лилјана Поповска се обрати преку медиумите на јавноста, членовите и симпатизери на ДОМ и коалицијата „За подобра Македонија“ : „Сакаме да ги замолиме сите членови и симпатизери на ДОМ, поддржувачи на зелената граѓанска опција но и сите граѓани на Република Македонија, а се од различно верско, етничко, идеопошко потекло да и дадат поддршка на Коалицијата За подобра Македонија, бидејќи нуди солидна и издржана програма и тим кој е подготвен да одработи за државата.“
ДОМ во овие две години имаше успешна соработка со оваа влада и реализираше повеќе проекти од нашите теми: туризам, екологија, културата, јазикот и традицијата, здравјето на жените, еднаквите можности за сите.ДОМ учествуваше во кампањата на две нивоа. Во централната кампања на Коалицијата и водеше самостојна кампања на теренот за да им се обрати на своите членови, симпатизењри и поддржувачи. Одржани се над 150 настани од типот на трибини, прес конференции, дебатни клубови, јавни расправи, предавања, акции на теренот (еколошки, младинската акција Слушај македонска музика) и други.Веруваме дека придонесовме со своето учество и да се слушне гласот на зелената опција со оглед на тоа дека оваа влада има слух за потребите и барањата на разни групи на граѓани.Веруваме дека коако и досега и отсега ДОМ ќе биде релевантен чинител во новата влада и ќе даде придонес и за владата и за Македонија, затоа што во политиката сме токму поради Македонија – заврши Поповска.
30.02.2008