Дом смета дека најголем глобален и национален проблем во иднина ќе биде обезбедување на доволна количина на енергија. Енергетските потреби на развиенот свет се повеќе се зголемуваат како последица на севкупниот индустриски и технолошки развој, со што планетата Земја како интегрален еко-систем трпи се поголеми напрегања во насока на справување со последиците од прекумерното искористување на обновливите фосилни горива (нафта, јаглен, земен гас). Оваа енормна експлоатација на фосилните горива во основа доведе до познатите феномени на глобалното зголемување на температурата и промената на климата.
Имајќи ги во предвид овие неспорни докази дека енормното искористување на фосилните горива во основа ќе доведе до глобални промени на климата денес развиениот свет се повеќе се свртува кон искористувањето на алтернативнитеобновливите извори на енергија како што се: енергијата на ветерот,енергијата на сонцето, хидроенергијата, енергијата на морските бранови,енергијата добиена од биомаса како и геотермалната енергија. Третиот милениум по сите до сега сублимирани научно-истражувачки активности ќе биде “милениум на геотермалната енергија” бидејќи благодарение на забрзаниот технолошки развој денес се повеќе се експлоатираат изворите на геотермална енергија (Исланд е таков позитивен пример)Се поставува прашањето каде на ова поле се наоѓа Македонија. Република Македонија има две големи геолошки формации на својата територија (Вардарска зона и Српско-македонска маса), во кои има највисок топлотен тек во однос на континенталниот дел на Европа. Во овие две единици на територијата на Македонија и Србија топлотниот тек е поголем од 100 мЊ/ м².Токму поради овој факт Македонија и Србија спаѓаат во земјите кои имаат голем геотермален потенцијал или со други зборовиенергијата која е концентрирана во овие геотермални системи во двете земји доколку целосно би се искористила може да замени околу 1милијарда тони течни горива.
Второто прашање би било „Како се користи овој вид на енергија? Користењето на геотермалната енергија во Република Македонија денес е се уште во најголем дел на оној традиционален начин односно, екстензивенбањски туризам и бањски лекувалишта. Оваа енергија се уште не се користи за производство на електрична енергија токму поради фактот што до сега не се утврдени температури на водата кои се поголеми од 100ºС.Истражувањата на овој вид на енергија кои се однесуваат на подлабоките делови од геотермалните системи се уште не се реализирани,иако прогнозните температури за одредени геотермални системи за длабочини помеѓу1000 и 2000 метри се поголеми од 100 ºС.Затоа ДОМ ќе иницира во наредниот период овие истражувања да се интевизираат и финализираат.Визијата на Република Македонија во поглед на решавање на енергетската криза треба да се насочи кон обновливи извори на енергија и пред се на користење на геотермалната енергија како најголем потенцијал.Затоа ДОМ во континуитет ќе биде подржувач на користењето на обновливите природните ресурси кои се во функција на зачувување на животната средина.
29.05.2008