На денешната прес конференција говореше потпретседателот на ДОМ и вршител на должност заменик министер за животна средина и просторно планирање д-р Соња Лепиткова која изјави:ДОМ ја гледа Македонија како земја на екологијата и туризмот, но за да стане таква и ползата од тоа да ја видиме сите мораме итно да преземеме соодветни мерки.
Младите на ДОМ покренуваат иницијатива 2009 година да биде прогласена за Зелена година во Република Македонија.Денешната еколошка криза е длабока, сложена и сеопфатна. Нејзините корени се длабоки и многукратни. За таа да се надмине не се доволни едноставни мерки, не се доволни апелите на моралот, палијативни мерки за заштита на животната средина ниту мали зафати во „разумното” по стапување со отпадот. Потребна е промена во начинот на мислење, кое се нарекува „еколошка мудрост”.
Затоа ДОМ покренува иницијатива до Владата на Република Македонија, 2009 година да биде прогласена за Зелена година. Тоа е неопходно за преку конкретни активности, широка едукација на населението од сите генерации и средини, почитување на законските одредби и нивна контрола при спроведувањето да ја постигнеме целта за чиста и зелена Македонија.ДОМ ќе достави предлог програма на активности и настани кои треба да се реализираат во Зелената година, кои ќе се однесуваат на справувањето и управувањето со отпад, заштита на природните еко-системи и живиот свет во нив, заштита на природното наследство, планирањето на просторот, воведување на урбана екологија, воведување на задолжително образование за екологијата уште од најрана возраст, одржливото искористување на природните ресурси, воспоставување на ИСО стандарди во индустријата, партнерство со стопанските комори за нивно вклучување во спроведувањето на програмата, заштитата на здравјето на населението, производство на здрава храна, промоција на одредени подрачја во еко региони во функција на развој на туризмот со посебен акцент на националните паркови, Алшар, Куклица, Маркови Кули, Мариово, Колешинските и Смоларските водопади и прогласување на нови подрачја како осоговскиот регион и други, интензивна соработка со меѓународните донатори, максимално искористување на европските фондови, вклучување на науката и новите технологии за одржлив еколошки развој. За исполнување на таа цел ќе се иницира одржување на голем број трибини, работилници, семинари, конгреси, конференции со учество на домашни и меѓународни претставници.Македонија географски е дел од Европа, политичкото приближување е извесно, но прашуваме дали Македонија е ментално подготвена за предизвиците на новото време?Лидија Сушевска од МОДОМ од каде и потекна иницијативата за прогласување на 2009 за Зелена Година во Република Македонија, накратко извести за преземените активности и настани и плановите на МОДОМ во наредниот период:Младите на ДОМ, уште за време на изборната кампања преземаа активности, со цел за промоција на оваа иницијатива. Започнавме со одржување на прес конференција за заштита на климата, изработивме зелени панделки со помош на нашите колешки од Форумот на жените од Општинската организација во Ѓорче Петров (кои и денеска се со нас и ни помагаат во нивното подготвување) ги делевме на минувачите на плоштадот и покрај кејот на Вардар пред и за време на концертот на Здравко Чолиќ и Шугабејбс, ги поттикнавме нашите Општински организации да ја преземат истата активност секаде низ Македонија. Организираме трибини и дебатни клубови на кои дискутираме за еколошките проблеми. Член на МОДОМ е примен на летниот универзитет т.н. Зелена иднина на Европа и е со постојани активности и сорабтка со Младото крило на Европската зелена Партија. На 30 мај на денот на почетокот на меѓународната зелена седмица ќе делиме флаери на граѓаните.Нашите активности во текот на оваа година ќе бидат насочени кон: изготвувањето на предлог програмата на настани и активности за 2009 – Зелена година во Република Македонија, промоција на програмата и анимирање на јавноста за нејзиното значење, но и други акции и настани кои ќе ги организираме и спроведеме.
23.05.2008