ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА 06.05.2008
Сведоци сме како политичкото и економското го голтаат социјалното – рече денеска на прес конференцијата на ДОМ Звонко Шавревски. Токму затоа ДОМ, како една од главните цели во своето дејствување ја има заложбата за социјална правда преку владеењето на социјалното право и правичност, спроведувањето на социјална политика според современите европски стандарди, здравствена заштита за сите граѓани и еднакви можности за сите со грижа за маргинализираните групи.
Тоа од ДОМ беше препознато во програмата на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“. ДОМ во таа коалиција ќе се залага за вработувањето како најприродна и најефективна саморегулација на социјалниот статус на граѓаните. Изградбата на заокружена законска рамка за заштита на маргинализираните групи и со посебен акцент на општ закон за заштита на правата и достоинството на лицата со хендикеп, а во тие рамки ратификација на Конвенцијата на Обединетите нации за правата на лицата со хендикеп.
Третиот сегмент на кој ДОМ ќе работи во рамките на социјаланата политика, Шавревски ја наведе изградбата на систем за поддршка на маргинализираните групи, каде државата треба да ги воспостави механизмите и стандардите и да го врши мониторингот, односно да се спроведе процес на деинституционализација.