Градот Сан Франциско воведе  зелен код на функционирање.  Со најновите усвоени регулативи, градот наложува обврска, идните станбено-деловни  објекти  без исклучок да имаат сончеви панели на своите кровови. Ова е првпат вакво барање на ниво на град во САД, со што општинските власти ја остваруваат најавената агенда за фукнционирање на база на обновливи извори на енергија до 2020 година.

 

Градската одлука е донесена едногласно, а стапува на сила од јануари 2017 година. Се базира на државен закон кој бара сите нови станбено-деловни  објекти  да имаат 15 % одвоен простор на своите кровови за напојување со соларна енергија.

Инаку, Сан Франциско е еден од американските градови кои значително ги чувствуваат последиците од климатските промени.  Зголемените емисии на CO2 предизвикаа значителни ерозии на земјиштето,  ја загрозија безбедноста на инфраструктурата при  надоаѓање на плимата. Сето ова го чинеше градот нови инвестиции во проширување и зајакнување на канализациската одводна мрежа.

Во рамките на САД пак, државата Флорида се соочува со дури поголеми проблеми, за кои властите не зборуваат јасно. Една од нив е ,,тонењето,, на Мајами, токму поради промените во климата и зголемувањето на водната кота на океаните.

Токму затоа на одлуката во Сан Франциско се гледа како на пример во рамките на САД, но и светот.

ЛИНК КОН ОРИГИНАЛНИОТ ТЕКСТ:

http://www.geek.com/news/san-francisco-becomes-first-us-city-to-require-solar-panels-on-every-new-building-1653167/

Александар Ивановски

Одбери јазик

mkendefrsqtrsr

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

 ул. Никола Вапцаров 18/1 1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Лилјана Поповска  e-mail: liljana4@t-home.mk
тел: 02/5112-900 02/3224-150

Портпаролка: Маја Морачанин e-mail: maja.moracanin@dom.org.mk
тел: +389 75 61 81 93

Социјални медиуми

Анкета