gaba_amazon1.jpg

Длабоко во шумите на Амазон, истражувачи од Одделот за молекуларна биофизика и биохемија при Универзитетот во Јејл - САД, открија вид на габа која  има способност на природен начин да го разгради и консумира полиуретанот. Оваа габа ,,јадач,, на пластика се смета за исклучително важно откритие, среде нашата планета преплавена од пластичен отпад. Податоците за жал, се поразителни. Денешнава цивилизација зависна од пластиката , на годишно ниво произведува околу 251 милиони тони пластичен отпад.

gaba_amazon2.jpg

Пронајдокот е дел од годишното истражување на група студенти во Еквадор со професорот Скот Стробел. Целта била испитување на примероци од неколку видови габи за утврдување на нивната способност за разградување на синтетички Полимер Полиестер Полиуретан (ПУР). Истражувањето е објавено и на страницата на Американското здружение на Микробилози ( Applied and Environmental Microbiology ), каде се наведува дека се пронајдени неколку видови на организми со способност за ефикасно разградување на ПУР подеднакво во цврста и течна форма. Особено е посочен видот габа Pestalotiopsis. Интересно за овој примерок на габа е што покрај способноста ефикасно да ја ,,јаде,, пластиката , може да се развива и преживее во анаеробна (без воздушна) средина, како на пример среде депонија. Истражувачите се согласни - овој природен и незагадувачки процес на разградување на токсичен отпад e моќно орудие на природата, против пластиката во која како цивилизација, се повеќе се затрупуваме. Процесот на разградување на пластичните состојки на габата Pestalotiopsis можете да гo погледнете и низ претставениот дијаграм подолу.

gaba_amazon_proces.jpg

А, дека целиот процес на истражување оди и чекор понатаму докажува и овој експеримент на Австриски дизајнер во соработка со луѓе од универзитетот во Утрехт, Германија. Резултатот?

FungiMutarium_FullFront_cParisTsitsos_for_LivinStudio2014-1024x768.jpg

Габи који јадат пластика а кои потоа можете да ги јадете и вие!

gabi_jadenje.jpg

Звучи невообичаено, но може да биде предизвик за секој гастроном и љубител на новите вкусови.

Како изгледа овој процес, погледнете од линкот во продолжение.

http://www.wired.com/2014/12/mini-farm-produces-food-plastic-eating-mushrooms/#slide-2

 ЛИНК КОН ОВАА СТАТИЈА:

http://timewheel.net/Tome-Research-Team-Finds-Plastic-Eating-Mushroom-Species-In-Amazon

 Александар Ивановски

Одбери јазик

mkendefrsqtrsr

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

 ул. Никола Вапцаров 18/1 1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Лилјана Поповска  e-mail: liljana4@t-home.mk
тел: 02/5112-900 02/3224-150

Портпаролка: Маја Морачанин e-mail: maja.moracanin@dom.org.mk
тел: +389 75 61 81 93

Социјални медиуми

Анкета