Нештата не изгледаат добро за живиот свет на нашата планета. Некои проценки велат дека близу 40% од вкупниот жив свет на планетата Земја  е веќе истребен. И ако за миг помислите дека Видовите ќе има можност да здивнат макар во ова време на глобализација помислете пак. Последниот извештај на признати светски биолози покажува дека и од преостанатиот жив свет  во моментов , дури половината е соочена со истребување во наредните 100 години!

Предупредувањето дооѓа од неодамна одржаната Светска конференција посветена на заштита и промоција на живиот свет и биодиверзитет, одржана во Ватикан.

Гледано хронолошки, во изминатите 3,7 милијарди години,  малото парче карпеста формација и наш единствен дом планетата Земја,  во својот еволуциски циклус била соочена со повеќе феномени на делумно или комплетно истребување на живиот и растителен свет. Разликата денес е што покрај природниот циклус на истребување на видовите кој се јавува со одредено темпо и времетраење, во равенката е вклучен и факторот човек.

Со енормна индустријализација, неконтролираното и масовно сечење на шумите, исфрлањето огромни количества јаглерод диоксид во атмосферата, и ловењето на илјадници тони риба од океаните, процесот на истребување според стручните лица, од природните рамки е забрзан од илјада до десет илјади пати!

Оттука и заклучокот на биолозите, дека ако во наредните децении  човештвото продолжи да се однесува неодговорно како досега и не промени ништо во начинот на кој ги ескплоатира ресурсите на планетета, особено преку сечењето на шумите и ископувањата на рудните богатства, тогаш половината од живиот свет и неговите видови ќе бидат на работ на  преживување. Ова не се однесува само на тигрите или пандите, туку и на микроорганизмите, растенијата,  габите. Сите тие веројатно е дека ќе исчезнат од лицето на Земјата.

 

ЛИНК КОН ОРИГИНАЛНИОТ ТЕКСТ:

http://www.iflscience.com/plants-and-animals/half-of-all-life-may-be-extinct-within-a-century/

Александар Ивановски

 

 

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

 ул. Никола Вапцаров 18/1 1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Лилјана Поповска  e-mail: liljana4@t-home.mk
тел: 02/5112-900 02/3224-150

Портпаролка: Маја Морачанин e-mail: maja.moracanin@dom.org.mk
тел: +389 75 61 81 93

Социјални медиуми

Анкета