Калифорнија  е една од сојузните држави во САД,  која се соочува со најсериозни недостатоци на водни ресурси.  Проблемот ќе го решава инспирирана од потенцијалите на Атлантскиот океан. Најновиот изум доаѓа како конкурсно решение за пречистителна станица за солена вода, која ќе биде лоцирана крај бреговите на Санта Моника, во Калифорнија.

Критичарите ласкаво прашуваат дали е ова јавна уметност или фукнционален објект ?

И со право, бидејќи победничкиот тим на натпреварот  LAGI (Land Art Generator Initiative)  смета дека ваквите нови и зелени инфратруктури, треба да ги бришат линиите меѓу функционалното и естетското.  Се чини  победничкиот проект насловен  “The Pipe”, го постигнува токму тоа.

Се работи за пречистителна станица, која е проектирана да работи на соларен погон.  На годишно ниво таа ќе произведува 10.000 MWh -електричната енергија со капацитет за одсолување на повеќе од 5,6 милијарди литри вода од океанот.

Оваа количина на питка вода, потоа ќе биде директно пуштена во водоводниот ситем на градот, додека остатокот кој содржи мало количество на сол,  преку  т.н. интелегентен систем  ќе биде вратена назад.  Според експертите,  со тоа  ќе се  решат повеќето технички проблеми поврзани со враќање на ,,солената вода,, назад во океанот.

Во објаснувањето на победничкиот тим составен од инжињери и  архитекти,  се наведува дека  уметничкиот аспект на проектирањето, бил клучен за конечниот изглед на оваа пречистителна станица. Најмногу заради фактот што ваквите зелени постројки се повеќе ќе бидат дел од нашето опкружување и тие покрај својата основна цел ќе мора  да поседуваат примамлив и естетски дизајн.

За потсетување,  Договорот за Климатските промени од Париз - COP 21 го обедини светот во иницијативата за ограничување на глобалното затоплување  од  1.5–2° C , односно на прединдустрискиот период.  За тоа,  ќе бидат потребни огромни инвестиции во изградба на инфраструктура за производство на чиста енергија од обновливи извори. 

Македонија  нема  и не смее да биде исклучок, а  ДОМ  ќе биде предводник со своите  Програми за Зелена економија.

ЛИНК КОН ОРИГИНАЛНИОТ ТЕКСТ:

http://www.independent.co.uk/life-style/gadgets-and-tech/solar-powered-pipe-sculpture-desalinate-drinking-water-california-a7206176.html

Александар Ивановски

Одбери јазик

mkendefrsqtrsr

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

 ул. Никола Вапцаров 18/1 1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Лилјана Поповска  e-mail: liljana4@t-home.mk
тел: 02/5112-900 02/3224-150

Портпаролка: Маја Морачанин e-mail: maja.moracanin@dom.org.mk
тел: +389 75 61 81 93

Социјални медиуми

Анкета