Возењето велосипед станува сè поактуелно. И со причина! Сè повеќе луѓе решаваат патот до  работното место или пријателите,  да го поминат со велосипед наместо автомобил или јавно превозно средство.

И ако сте помислиле дека за една,,зелена,, инвестиција ви се потребни десетици илјади денари, помислете пак! Благодарение на инвентивноста на една кик-старт компанија, на пазарот се појави тркалото,,GeoOrbital,,.

Со новиот изум вашиот класичен велосипед го преобразувате во електричен, за помалку од 60 секунди.

Видеото во продолжение го објаснува начинот на составување:

 

https://www.youtube.com/watch?v=lGdiIH8jODo

Пакетот вклучува сè што ви е потребно за работа на еден Електровелопед,  како мотор, батерија, централен погон и специјална резервна гума. Според компанијата , новиот изум е тестиран на стотици велосипеди и работи совршено за вообичаените димензии на тркала.

Дополнителна предност на ,,GeoOrbital,, тркалото е што произведува електрична енергија дури и кога велосипедот е во движење, но не се вртат педалите.  Со други зборови, спуштањето по надолнини или користењето на сопирачките дополнително го напојува погонот со електрична енергија. Со едно полнење  и просечна брзина од 30 км/ч,  електричниот погон може да го движи велосипедот неверојатни 80 км.  

Што ќе се согласите е рецепт за успешно и забавно возење со ваков велосипед во секое време.

ДОМ активно и во континуитет се залага за промоција на овој  вид на транспорт во урбаните средини, но и надвор од нив како Проектот за изградба на мрежа од велосипедски патеки низ градовите и меѓу нив, за евтино и еколошко движење, и развој на руралниот туризам.

Покрај тоа во Изборната програма во делот на Урбанизмот и Архитектурата,  ДОМ предлага и бројни мерки кои се предуслов за слободно движење на велосипедите како  :

-          Создавање зелени пешачки зони;

-         Ограничување на движењето на возила низ градските центри и намалување на профилот на сообраќајниците;

 

Сево ова е возможно преку спроведување на темелни плански промени. Токму затоа ДОМ како зелена партија, неодамна и официјално предложи Пакет закони во урбанизмот, и тоа  нов Закон за просторно и урбано планирање, нов Закон за градење, вистински Закон за зеленило и Закони за Градски архитект.

Првите порачки на новиот погон за трансформација на класичниот велосипед,, GeoOrbital-тркалото,, се можни од почетокот на 2017 година.

ЛИНК КОН ОРИГИНАЛНИОТ ТЕКСТ:

http://www.trueactivist.com/this-wheel-turns-any-bike-into-an-electric-vehicle-in-just-60-seconds/?utm_source=Facebook&utm_medium=CE&utm_content=this+wheel+turns+any+bike+into+an+electric+vehicle+in+just+60+seconds

Александар Ивановски

Одбери јазик

mkendefrsqtrsr

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

 ул. Никола Вапцаров 18/1 1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Лилјана Поповска  e-mail: liljana4@t-home.mk
тел: 02/5112-900 02/3224-150

Портпаролка: Маја Морачанин e-mail: maja.moracanin@dom.org.mk
тел: +389 75 61 81 93

Социјални медиуми

Анкета