Зелени Теми

ЗА ЕДЕН ВЕК ,ПОЛОВИНА ОД ЖИВИОТ СВЕТ ПРЕД ИСТРЕБУВАЊЕ !

 

Нештата не изгледаат добро за живиот свет на нашата планета. Некои проценки велат дека близу 40% од вкупниот жив свет на планетата Земја  е веќе истребен. И ако за миг помислите дека Видовите ќе има можност да здивнат макар во ова време на глобализација помислете пак. Последниот извештај на признати светски биолози покажува дека и од преостанатиот жив свет  во моментов , дури половината е соочена со истребување во наредните 100 години!

Повеќе...

КАЛИФОРНИЈА СО ФУНКЦИОНАЛЕН ДИЗАЈН ГО РЕШАВА НЕДОСТАТОКОТ НА ВОДА

Калифорнија  е една од сојузните држави во САД,  која се соочува со најсериозни недостатоци на водни ресурси.  Проблемот ќе го решава инспирирана од потенцијалите на Атлантскиот океан. Најновиот изум доаѓа како конкурсно решение за пречистителна станица за солена вода, која ќе биде лоцирана крај бреговите на Санта Моника, во Калифорнија.

Повеќе...

ОД КЛАСИЧЕН ВО ЕЛЕКТРИЧЕН ВЕЛОСИПЕД ЗА ЕДНА МИНУТА

Возењето велосипед станува сè поактуелно. И со причина! Сè повеќе луѓе решаваат патот до  работното место или пријателите,  да го поминат со велосипед наместо автомобил или јавно превозно средство.

И ако сте помислиле дека за една,,зелена,, инвестиција ви се потребни десетици илјади денари, помислете пак! Благодарение на инвентивноста на една кик-старт компанија, на пазарот се појави тркалото,,GeoOrbital,,.

Со новиот изум вашиот класичен велосипед го преобразувате во електричен, за помалку од 60 секунди.

Видеото во продолжение го објаснува начинот на составување:

Повеќе...

САН ФРАНЦИСКО - ПРВИОТ ГРАД ВО САД СО ЗАКОНСКА ОБВРСКА ЗА СОЛАРНИ ПАНЕЛИ

Градот Сан Франциско воведе  зелен код на функционирање.  Со најновите усвоени регулативи, градот наложува обврска, идните станбено-деловни  објекти  без исклучок да имаат сончеви панели на своите кровови. Ова е првпат вакво барање на ниво на град во САД, со што општинските власти ја остваруваат најавената агенда за фукнционирање на база на обновливи извори на енергија до 2020 година.

Повеќе...

Одбери јазик

mkendefrsqtrsr

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

ул. Даме Груев бр.5, зграда 1, влез 2, кат Мезанин
1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Маја Морачанин  
e-mail: m.morachanin@yahoo.com
тел: 02/5112-900 02/3224-150 

Социјални медиуми

Анкета