Трибини

Скопје не сака токсичен чадор

Skopje ne saka toksicen chador 3

ДОМ во изминатите неколку години води принципиелна кампања против загадувањето на Скопје од големите индустриски компании, како оние во Железара. Претставници на партијата имаа разговори со луѓето од компаниите, инспекторатите и сите институции надлежни за животна средина.Како партија посветена на заштита на животната средина логично е да се бараат соодветни решенија за настанатиот проблем, токму затоа и се одржа трибината „Скопје не сака токсичен чадор“, во организација на Комисијата за животна средина при ДОМ.

Повеќе...

Поповска за улогата на современата жена

lile seminar mavrovo

Претседателката на ДОМ, Лилјана Поповска, беше гостин на трибината на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ за улогата на современата жена. Во своето обраќање рече:

“Секое време има свои борби - пред 100 години било правото на глас, па подобри работни услови, па повеќе жени во политиката и одлучувачките структури. Денес најважна битка и стремеж е постигнување баланс помеѓу приватниот и професионалниот живот на жената.

Повеќе...

Како до зелена училница – помал број ученици, поквалитетна настава

DOM zname

На денешната трибина на тема „Како до зелена училница? – Помал број на ученици во паралелки, поквалитетна настава“ Комисијата за образование на ДОМ предложи измена на Законот за основно и средно образование во однос на бројот на ученици кој би требало да изнесува најмногу до 24 во една паралелка.

Повеќе...

Германски мерки против загаденоста на воздухот

08.12.2012

Оваа трибина се одржува во време кога одбележуваме 60 години од катастрофалниот лондонски смог кој одзеде над 10000 животи и регистрираше 100 000 заболени лица. ДОМ многу пати досега реагирал на преземање мерки за намалување на загаденоста и тоа во последниве неколку месеци конечно се прави, пред се поради активностите кои ги презема градот Скопје и Министерството за животна средина, кои посветија внимание на четирите најголеми извори на загадување на Скопје, а тоа се индустриските капацитети, сообраќајот, горивата кои служат за затоплување на домовите и објектите и намалувањето на зелените површини- истакна Поповска.

Повеќе...

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

 ул. Никола Вапцаров 18/1 1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Лилјана Поповска  e-mail: liljana4@t-home.mk
тел: 02/5112-900 02/3224-150

Портпаролка: Маја Морачанин e-mail: maja.moracanin@dom.org.mk
тел: +389 75 61 81 93

Социјални медиуми

Анкета