Трибини

Механизми за субвенционирање на туризмот во Македонија

DOM zname

Во Клубот на пратениците на 26.09.2008 во присуство на претставници од туристичката дејност, од Факултетот за туризам во Скопје и од институциите беше одржана трибина на тема „Механизми за субвенционирање на туризмот во РМ“. Повод за трибината што ја модерираше Лилјана Поповска, претседател на ДОМ и пратеник, беше неодамна усвоениот амандман на членот 57 од Законот за туризам, кој предвидува дека „заради побрз развој на туризмот и формирање поконкурентни цени на туристичките аранжмани, ќе се донесе Упатство за субвенционирање на странскиот организиран туристички промет“. На трибината на присутните им се обратија Лилјана Поповска, Аце Миленковски, декан на Факултетот за туризам во Скопје, Емил Димитровски претседател на Стопанската комора за туризам на РМ, Зоран Николовски, претставник на секторот за туризам во Министерството за економија и Зоран Стрезовски, магистер по туристички науки и претседател на општинската организација на ДОМ во Охрид.Двочасовната плодна дискусија донесе различни видувања и аспекти кои треба да се респектираат при изработката на Упатството за субвенционирањето.

Повеќе...

Македонскиот јазик и идентитет како успов за опстојот на Република Македонија

DOM zname 

За зачувување на идентитетот на Македонскиот јазик се зборуваше на трибината која вчера Демократската обнова на Македонија ја организираше во Гостивар. За идентитетот на Македонскиот јазик зборуваше академик Блаже Ристески.

Повеќе...

Медиумска презентација на проектот “Средновековен историски фестивал Охрид”

DOM zname

Во Охрид ќе биде возобновен средновековниот фестивал кој на овие простори се одржувал во времето на Цар Самоил. Оваа идеја беше презентирана на трибината за туризмот што во организација на партијата Демократска обнова на Македонија - ДОМ се одржа во хoтел Ривиера во Охрид. Фестивалот би се одржал во месец август,  а учесниците кои ќе бидат облечени во костими од средниот век ќе се натпреваруваат и во повеќе спортски игри, кои биле мошне популарни пред повеќе векови.

Повеќе...

Жените во Македонија меѓу реалноста и потребите



21.05.2008 2

- Во организација на Форумот на жените на ДОМ од Општинската организација во Ѓорче Петров, денес се одржа трибина на тема „Жените во Македонија меѓу реалноста и потребите“, на која учествуваа претседателката на ДОМ Лилјана Поповска и кандидатките за пратенички од листата на коалицијата „За подобра Македонија“ од Изборната единица 2.

Повеќе...

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

 ул. Никола Вапцаров 18/1 1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Лилјана Поповска  e-mail: liljana4@t-home.mk
тел: 02/5112-900 02/3224-150

Портпаролка: Маја Морачанин e-mail: maja.moracanin@dom.org.mk
тел: +389 75 61 81 93

Социјални медиуми

Анкета