Трибини

Зелената политика во Европа и во Македонија – резултати и перспективи

DOM zname

По повод гостувањето на претставници на Европските Зелени, ДОМ одржа  трибина на тема „Зелената политика во Европа и во Македонија – резултати и перспективи“. Претседателката на ДОМ Лилјана Поповска,  поздравувајќи ги гостите ја истакна важноста на оваа посета, која значи унапредување и подигнување на нивото на соработката и релациите на ДОМ со Европските Зелени која започна уште минатата година.

Повеќе...

Како до поголема примена на сончевата енергија -мерки, активности, политики

DOM zname

Сонцето ни дава огромна количина на бесплатна, чиста и потполно еколошка енергија, многу повеќе од нашите потреби , но треба да знаеме и да сакаме да ја искористиме. Oва беше мислењето на сите учесници на трибината во организација на ДОМ со наслов „Како до поголема примена на сончевата енергија – мерки, активности,политики“

Повеќе...

Законско регулирање на мобингот

DOM zname

Во своето излагање Лилјана Поповска истакна дека ДОМ како поддржувачи на еднаквите можности на сите граѓани иницира законско регулирање на мобингот, за што до сега не е превземено ништо, иако голем дел од европските директиви ги спроведовме и ова е уште едно прашање кое треба да се покрене за почитување на еднаквите можности. Заштита на работникот, а од тука и  како психичко малтретирање на работното место како специфичен начин на дискриминирање на личноста е прашање кое е  едно од заложбите на ДОМ како партија.

Повеќе...

Имаме ли концепт за меѓународна промоција на македонската култура ?

    DOM zname

Културата е најдобар амбасадор на една земја во светот. Владата на Република Македонија тоа го препозна и во изминатиот период именуваше повеќе амбасадори на културата, но за оваа намена издвојува и повеќе средства од сите досегашни Влади, истакна на денешнатра трибина на ДОМ Лидија Топузовска, претставник на Министерството за култура. Секој поединец, без оглед на професијата кој ја познава културата на својата земја е нејзин амбасадор во светот, истакна  Мери Аницин Пејоска, директор на Музејот на Македонија.

Повеќе...

Обновливата енергија како потенцијал во енергетиката

DOM zname

Енергијата ја има клучната улога за понатамошниот економски развој на современото општество. Современиот начин на живеење и сите индустрии зависат од енергијата. Ресурсите кои ги користиме во моментов се повеќе се намалуваат и во следните две-три децении целосно ќе исчезнат, што неминовно води кон енергетска криза. Тие се најодговорни за климатските промени и опстојувањето на постоечката цивилизација.

Повеќе...

Одбери јазик

mkendefrsqtrsr

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

 ул. Никола Вапцаров 18/1 1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Лилјана Поповска  e-mail: liljana4@t-home.mk
тел: 02/5112-900 02/3224-150

Портпаролка: Маја Морачанин 

Социјални медиуми

Анкета