Трибини

На Македонија и треба зелена индустриска револуција - Како да дојдеме до одржливост во тешката индустрија?

15.02.2012

ДОМ како зелена партија смета дека на Македонија и треба нова стратегија за индустриски развој, која ќе води сметка за распоредот на зоните со индустрија. Никако не смее да се дозволи поставување тешка загадувачка индустрија во близина на места за домување, места каде се произведува храна, места погодни за развој на туризмот. Тешката индустрија треба да се одвои со тампон зона, заради заштита на животната средина и здравјето на луѓето.

Повеќе...

Заклучоци од јавната расправа „На Скопје му треба градски архитект“

09.02.2012 2

1. Присутните дадоа поддршка за идеата за воведување на градски архитекти во урбаните целини со измена на Законот за локална самоуправа и Законот за град Скопје.
2. Потребно е да се измени називот на Министерството за транспорт и врски во Министерство за урбанизам, просторно планирање и градба.
3. Ќе се формира работен тим од стручни луѓе делегирани од здруженијата на архитекти, кои ќе го дефинираат следново:   надлежностите на Градскиот архитект, начинот на избирање и план за долгорочно делување

Повеќе...

Признавање на јаглеродните кредити како механизми и финансиски инструменти

21.12.2011

Поставена е стратешката рамка за постигнување на баланс меѓу развојот на државата и активностите за намалување на климатските промени.Во насока на искористување на можностите кои ги нуди механизмот за чист развој, во блиска иднина треба да се создадат предуслови државата да ги признае јаглеродните кредити како финансиски инструмент – хартии од вредност  и да се донесе соодветна законска регулатива,да се надминат објективните и субјективните пречки како недостаток на податоци, поголема координација, а исто така ќе биде потребно засилување на приватните и јавни финансиски текови за превземање на мерки за намалување и адаптирање кон климатските промени, како и за трансфер на технологијата и јакнење на капацитетите, од што најголема бенефит ќе имаат потенцијалните мали и средни инвеститори.

Повеќе...

Како да се справиме со природните непогоди?

DOM zname

Воспоставување на комплементарен систем за справување со непогодите од било каков вид; зголемена едукација на службите кои се справуваат со природните непогоди, но и на населението; подобро техничко опремување на соодветните служби и континиуран мониторинг на состојбите од евентуални природни непогоди, се дел од заклучоците кои произлегоа од трибината „Како да се справиме со природните непогоди во Македонија“, која ја организираше ДОМ, по повод меѓународниот ден за намалување на природните катастрофи.

Повеќе...

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

 ул. Никола Вапцаров 18/1 1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Лилјана Поповска  e-mail: liljana4@t-home.mk
тел: 02/5112-900 02/3224-150

Портпаролка: Маја Морачанин e-mail: maja.moracanin@dom.org.mk
тел: +389 75 61 81 93

Социјални медиуми

Анкета