30.05.2012

Поради порастот на бројот на лицата корисници на дрога во Р. Македонија. Големиот број на млади луѓе корисници на дрога, кои се надвор од третман, без медицинска помош и без социјална поддршка, оставени на грижа на семејствата, како и потребата од подобрување на третманот на лицата корисници на дрога кои се опфатени во програмите, не доволната превенцијатакоја претставува прва и најважна алка во борбата против дрогата, беа причина Комисијата за здравство на ДОМ да ја организира трибината “Како да се спречи и како да се лечи зависноста од дрога” која всушност претставува и почеток на кампањата на ДОМ за Борба против дрогата.

Поради порастот на бројот на лицата корисници на дрога во Р. Македонија. Големиот број на млади луѓе корисници на дрога, кои се надвор од третман, без медицинска помош и без социјална поддршка, оставени на грижа на семејствата, како и потребата од подобрување на третманот на лицата корисници на дрога кои се опфатени во програмите, не доволната превенцијатакоја претставува прва и најважна алка во борбата против дрогата, беа причина Комисијата за здравство на ДОМ да ја организира трибината “Како да се спречи и како да се лечи зависноста од дрога” која всушност претставува и почеток на кампањата на ДОМ за Борба против дрогата.

Долги години наназад зависноста од дрогата беше стигамтизирана и голем дел од стручните луѓе имаа пречки и бариери да работат на овој проблем. Многу средства од Глобалниот фонд и од Светската здравствена организација, кои беа наменети за отварање на центри за зависности низ цела Македонија, пропаднаа исклучиво од две причини: прво од предрасуди на медицински лица и второ од политички причини, затоа што сите политички партии несакаа да се зафатат со решавање на проблемот, сметајќи дека ќе им однесе поени и непостоење желба да се организира функционален систем - изјави Претседателката на ДОМ Лилјана Поповска во своето поздравно обраќање на трибината.

Денеска во здравството нема професионалец кој сериозно не пристапува кон овој проблем и имаме направено значителни чекори нанапред. Сепак овој проблем постојано мора да се следи и да се преземаат мерки за подобрување на состојбите. ДОМ како зелена партија особено внимание посветува на маргинализираните заедници. Зависниците од дрога се едни од нив. Ова е политичка тема, но не е тема каде треба политички да се препукуваме, туку секој кој што може треба да придонесе. ДОМ е дел од коалицијата „За подобра Македонија“ и преку позитивно лобирање со колегите во коалицијата и во Собранието заеднички да дојдеме преку конзистентност и разбирање до подобри решенија за овој проблем – заврши Поповска.

Националниот координатор за борба против дрогата, Илчо Захариев, истакна дека од 2006 Владата на РМ проблемот со дрогите го издигна како приоритет број еден, претходно тој се водеше како семеен, училишен, личен проблем, а со донесувањето на законот од 2008 имаме прогрес и во неговата примена, што е потврдено и од ЕУ, затоа што досега немаме негативен извештај за производство и злоупотреба на дрогите. Денеска можеме да кажеме дека зависниците кои се на терапија можат слободно да се движат и со себе да ја носат својата терапија и надвор од земјата – истакна Захариев.

Во светски рамки во трговијата со дрога се вртат околу 350 милијарди долари. Колумбија живее од таа трговија. Во Авганистан годишно се слеваат околу 5 милијарди долари. Овој проблем го апострофираше дури и поранешниот Генерален секретар на Организацијата на обединетите нации, Кофи Анан кој во една прилика истакна дека „Светот ја изгуби битката со опијатите“.
Сега во Македонија постојат неколку центри кои излегуваат во пресрет на зависниците. Во изминатиот период Националното координативно тело за борба против дрогата, бараше во секоја општина да се отворат центри за зависници со методонска терапија. За жал ова не е постигнато, што упатува дека е потребна силна политичка волја и одлука за воспоставување на овие центри. Во Македонија регистрирани се 1500 зависници, што секако не е вистинската бројка, бидејќи знаеме дека постојат само околу 2800 зависници од хероин, а каде се другите опојни дроги? Секако потребно е итно да се донесе Правилникот за терапевтски зависници, потребна е нивна ресоцијализација и поголема вклученост на сите засегнати страни. Се разбира во оваа прилика би сакал да ја истакнам позитивната улога која ја одиграа НВО-ата кои преку Глобалниот фонд за оваа наменаа, успеаа да префрлат неколку милиони долари во Македонија - рече Илчо Захариев.

Прим . д-р Славица Кнежевиќ – Гајдаѕис, невропсихијатар и субспецијалист по зависности истакна дека политиките на државата за дрогата мораат да имаат рационален и прагматичен начин и тоа да биде сторено преку програми и со политичка одлука и тоа со програма за намалување на побарувачка, каде особено внимание ќе се посвети на превенцијата и програма за намалување на зависници. Паралелно мораат да се развиваат и други програми кои мораат да бидат сеопфатни и да бидат во тек со глобалните процеси. Локалните заедници мораат да креираат конкретни програми за здравјето и благосостојбата на младите, преку конкретни акциони планови.

За третманот на зависниците говореа д-р Лилјана Китева-Игњатова, раководител на Центарот за заштита и третман на зависници и д-р Александар Марцетиќ, како претставник на приватниот сектор. Како најголем проблем што зависниците не добиваат соодветен и ефикасен третман, Игњатова го истакна стигматизирањето и гетоизацијата на овие пациенти. -Се додека на зависноста не се гледа како на болест, туку на состојба за која зависниците се самите виновни, нема да може да се обезбеди соодветен третман, вели Игњатова. Таа го потенцираше и проблемот со цената на чинење на еден третман - Овие лица не се криминалци, туку жртви на криминалот и треба да имаат можност за бесплатен третман, бидејќи, обидувајќи се да дојдат до средства за терапија се буткаат во секундарен криминал, вели таа, и секој нетретиран пациент продуцира 4 нови.
Д-р Марцетиќ се осфрна на позитивните и негативните страни на третирањето на зависниците во приватни здравствени организации. За разлика од Центарот, каде еден лекар е одговорен за 130 пациенти, тие работат со 50-60, што овозможува почести средби, активно вклучување на семејството и ефикасно справување со жестоките апстиненцијални кризи. Сепак, и овде е проблем цената.


Заклучоци од трибината

1. Нема добро јавно здравје без третман на зависности;
2. Зголемување на свеста на јавноста за проблемот на користење на дрогата;
3. Давање поголемо значење на превенцијата, која има повеќе нивоа и бара континуитет, обмисленост и сеопфатност,користење на досегашните искуства,прев.базирана на докази;
4. Вклучување на локалните заедници во борбата за благосостојба на младите, преку образованието и домот;
5. Донесување на правилници за формирање на терапевтски заедници;
6. Зголемување на опфатеноста на зависниците во јавниот и приватниот здравствен сектор, за што можат да се користат и странски фондови;
7. Соодветна дисперзија на сервисите според потребите на населението;
8. Искористување на постоечките капацитети на јавните и приватните здравствени установи во смисол на просторни и кадровски решенија и опрема, со што се остваруваат заштеди во Министерството за здравство, особено во услови на неможност за отварање на нови сервиси меѓудругото и поради отпорот на локалните заедници;
9. Подобрување на третманот во установите со поинтензивна програма за рехабилитација и ресоцијализација, и воведување на индивидуален пристап во третманот , што значи дека третманот ќе биде прилагоден спрема потребите на секој пациент;
10. Развивање и поддршка на различни модалитети за лекување на зависност;
11. Поддршка на програмите за намалување на штетата;
12. Бесплатен третман на болестите на зависност, и да нема дискриминација во однос на местото на лекување;
13. Повеќе средства од буџетот за лекување на зависноста;
14. Распределба на кадровските капацитети од психијатрите според побарувачката на третман .

Одбери јазик

mkendefrsqtrsr

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

ул. Даме Груев бр.5, зграда 1, влез 2, кат Мезанин
1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Маја Морачанин  
e-mail: m.morachanin@yahoo.com
тел: 02/5112-900 02/3224-150 

Социјални медиуми

Анкета