DOM zname

Почитувани,

Чест ни е да Ве поканиме на трибината на која ќе говориме за тоа како Македонија дополнително да го зголеми бројот на туристи од земјата и од регионот, за да се постигне поголема исполнетост на домашните капацитети во текот на цела година. Со тоа би се следел трендот на удвојување на странските туристи во последниве неколку години, откако започна динамична промоција на Македонија како туристичка дестинација, со истовремена понуда на цела серија државни стимулативни мерки за субјектите во туризмот.

Трибината ќе се одржи на 30.10.2014 г.(четврток), во Дипломатик сала на Стопанска комора (3-ти спрат), со почеток од 11 часот.

ПРОГРАМА

Модератор: Лилјана Поповска, претседателка на ДОМ

Учесници:

Кристијан Џамбазовски, директор на АППТ – Позитивните трендови во туризмот на Македонија со статистички осврт

Асим Меѓедовиќ, ХОТАМ – Искуство на хотелиерите со туристи од земјата и регионот

Александар Коневски, Асоцијација на туристички агенции за дојдовен туризам на Македонија – Конкурентноста на туристичката понуда на Македонија во регионот

Ана Петровска, РЕЦ – Едукација на младите за туристичките потенцијали на земјата

Владо Србиновски, НВО Балканија – Развој на алтернативниот туризам во Македонија

Љупчо Јаневски, експерт за стратешки маркетинг – Јакнење на промоцијата на туристичката понуда во Македонија.

Со почит,

Сектор за односи со јавноста

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

 ул. Никола Вапцаров 18/1 1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Лилјана Поповска  e-mail: liljana4@t-home.mk
тел: 02/5112-900 02/3224-150

Портпаролка: Маја Морачанин e-mail: maja.moracanin@dom.org.mk
тел: +389 75 61 81 93

Социјални медиуми

Анкета