DOM zname

Во Охрид ќе биде возобновен средновековниот фестивал кој на овие простори се одржувал во времето на Цар Самоил. Оваа идеја беше презентирана на трибината за туризмот што во организација на партијата Демократска обнова на Македонија - ДОМ се одржа во хoтел Ривиера во Охрид. Фестивалот би се одржал во месец август,  а учесниците кои ќе бидат облечени во костими од средниот век ќе се натпреваруваат и во повеќе спортски игри, кои биле мошне популарни пред повеќе векови.

Според Лилјана Попоска, претседател на ДОМ, таквиот фестивал всушност ќе претставува историски спектакл кој ќе привлече многу гости во Охрид. Таа најави дека идејата ќе добие подршка од владата и бизнис секторот и дека ќе се реализира.

Попоска смета дека за развој на туризмот во Охрид се потребни големи инвестиции, подобрување на инфраструктурата, но и промена на свеста и дообразование на работната сила. Лидерката на ДОМ се пофали дека владата во изминатите 18 месеци издвоила 6 пати повеќе средтства за развој и промоција на туризмот, но истовремено изрази и жалење што тие не биле соодветно искористени поради како што рече лошата организираност во Министерството за економија.

29.05.2008

Одбери јазик

mkendefrsqtrsr

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

ул. Даме Груев бр.5, зграда 1, влез 2, кат Мезанин
1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Маја Морачанин  
e-mail: m.morachanin@yahoo.com
тел: 02/5112-900 02/3224-150 

Социјални медиуми

Анкета