Партијата за Демократска обнова на Македонија (ДОМ), во соработка со друштвото за планинарски спортови Трансверзалец одржа трибина со наслов „Планините нови туристички центри”, на овој начин се одбележа 11. декември - Светскиот ден на планините.

Претседателот на ДОМ Лилјана Поповска во обраќањето истакна дека – Македонија има извонредни услови за планинскиот туризам, но потребна е поголема посветеност во негово промовирање и преземење на искуствата од земјите со поголема традиција на ова поле како што се Словенија, Австрија, Чешка.

Според проф. д-р Јовица Угриновски, претседател на Федерација на планинарски спортови на Македонија „Имаме алки, но ни недостасува поврзаноста на алките. Да најдеме начин да ги обединиме, да сфатат луѓето од институциите што значи туризмот”.

Директор на Агенција за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија, м-р Зоран Стрезовски, смета дека треба да се работи на агресивна промоција на таргентиран пазар, за Македонија да се најде во програмите на тур-операторите.

Константин Циривири, генерален секретар на Македонската асоцијација на интернационални водачи во планина и стручен раководител на Центар за обука на водачи на планина, „Законот за професионални водичи во Република Македонија се уште немаме, нашите лиценци важат во ЕУ, но овде не важат„.

Од трибината по плодната дискусија произлегоа неколку предлог заклучоци.
  • Инфраструктурна изградба или надградба на планинарски патеки.
  • Обновување или изградба на нови сместувачки капацитети (мали хотели, мотели, одмаралишта, планинарски домови, приватно сместување).
  • Поведување кампања со која ќе и се претстават на пошироката јавност – домашна и странска.
  • Воведување на професионална планинска водичка служба, која ќе функционира согласно законските акти на Република Македонија и признавање на стекнатите меѓународни сертификати за таа намена.
  • Вклучување на Република Македонија во европските планински трансверзали.
  • Формирање работна група која ќе ги актуелизира проблемите и состојбите и ќе подготви предлог решенија за нивно надминување.

Одбери јазик

mkendefrsqtrsr

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

ул. Даме Груев бр.5, зграда 1, влез 2, кат Мезанин
1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Маја Морачанин  
e-mail: m.morachanin@yahoo.com
тел: 02/5112-900 02/3224-150 

Социјални медиуми

Анкета