07.11.2012 2

Присутните на трибината „Со закон за зеленило до квалитетно урбано живеење“, која ја организираа комисиите за животна средина и урбанизам на ДОМ, ја поддржаа иницијативата на партијата за носење закон за зеленило. Во таа насока ќе се формира работна група со претставници од ДОМ, ЈП Паркови и зеленило, Град Скопје и други институции и стручни лица во оваа област, која ќе ги проучи законските решенија во оваа област од други земји. Нацрт текстот на предлог законот за зеленило да се изготви до средината на декември годинава, да се отвори јавна расправа по него и тој да биде донесен пред локалните избори 2013 – заклучија учесниците на трибината.

Присутните на трибината „Со закон за зеленило до квалитетно урбано живеење“, која ја организираа комисиите за животна средина и урбанизам на ДОМ, ја поддржаа иницијативата на партијата за носење закон за зеленило. Во таа насока ќе се формира работна група со претставници од ДОМ, ЈП Паркови и зеленило, Град Скопје и други институции и стручни лица во оваа област, која ќе ги проучи законските решенија во оваа област од други земји. Нацрт текстот на предлог законот за зеленило да се изготви до средината на декември годинава, да се отвори јавна расправа по него и тој да биде донесен пред локалните избори 2013 – заклучија учесниците на трибината.

Иницијативата за законот за зеленило е дел од еден поголем пакет иницијативи заедно со законот за градски архитект и воведување на зелен катастар. Иницијативата за градски архитект наиде на поддршка од еснафот и од политичките субјекти, но се одложи и ќе треба да се предложи во друга верзија. За зелениот катастар се одржа и донаторска конференција со дипломатски претставници и во моментов се заокружува финансиската конструкција на овој предлог. Со законот за зеленило сметаме дека ќе обезбедиме заштита на зеленилото, одржување, мапирање на дотраени стебла и начинот на кој ќе биде дозволено сечењето на дрвјата и утврдено нивното надоместување. Од европските зелени ги добивме законите за зеленило на Берлин и Виена, од кои се гледа дека се потребни уредби поврзани и со урбанизмот и со животната средина. Виена го заштитила зеленилото уште пред 100 год. И денес тој закон го надоградува. Берлин ја донел првата верзија на овој закон во 1962 – рече Лилјана Поповска, Претседател на ДОМ, Пратеник во Собранието на РМ

Заменик Министерот за животна средина и просторно планирање Стево Темелковски, пред присутните изјави: Со Законот за амбиенталниот воздух во ЈИЕ сме најнапред отидени но заостануваме со имплементацијата. Прашењето е каков ни е амбиенталниот воздух, кои мерки ги превземаме, посебно на локално ниво. Имаме празнини во регулативата за уредување на зелените површини. Дрвата апсорбираат 72% од прашината, а потоа со дождот се апсорбира до 100%. Во Франкфурт има еден пример каде зелена алеа апсорбира 30% CO2. Еден хектар буков насад апсорбира 45 тони прашина, а едно дрво 2,5 тони CO2, а испушта 1,7 м3 кислород, што задоволува потреби на 46 лица. Потребни се мали паркови и раскрсници на кои треба да има расадници, кои апсорбираат до 30% штетни материи од индустријата и сообраќајот. Во еден метар кубен шума во воздухот има 200-300 бактерии, а во градот 200 пати повеќе.

Дрвото не треба да се гледа како украс, туку неговото влијание врз животната средина. Вредноста на зеленилото е толкава што е беспредметно да се зборува за тоа – изјави Велјан Јагев, технички директор на Jавно комунално претпријатие - „Паркови и зеленило“ – Скопје. Во последните неколку години ние како претпријатие имавме извонредно многу активности на ова поле. Покрај посадените дрвца, за новите капитални проекти се бараше и хортикултурно уредување. Сепак нашето претпријатие се соочува со технички проблеми во однос на планирањето, проектирањето, надзорот, одржувањето и заштитата на зеленилото. Друг проблем е што со години наназад беа неуредени зелените површини, па и тоа е една од причините за сечата на одредени дрва. Но нема кој да изврши ревизија на проектот, нема лиценцирани проектанти, а од тоа зависи спроведувањето на законот на терен. Овој закон во интерес на сите мора да биде донесен.

Урбанистот Владимир Поповиќ, пред присутните истакна: Градот има систем на улици, водовод струја, па така има и на зеленило. Но, кој управува со тие системи? Во минатото тој состем постоеше, стариот систем го напуштивме, но не се создаде нов.

Урбаните зелени површини го подобруваат животот на луѓето, апсорбираат штетни материи и ги намалуваат температурите. Придобивките се социјални, служи за рекреативни активности и интеграција, економски, отварање на нови бизниси, поголем број бизниси, еколошки, смирува и делува врз психичката состојба и влијае на естетскиот, историскиот и културниот идентитет. Затоа е потребно да се создаде рамнотежа помеѓу изградените, неизградените и зелените површини. За развој на зеленилото важни се природните и создадените фактори, но најбитна е урбаната политика. Според податоците од 1964 до сега површините по глава на жител константно се намалуваат и не се ни блиску до стандардот од 25м2. Најбитно е да се влијае на свеста да се создаваат и одржуваат зелените површини и да се изработи стратешки национален план – изјави Цветанка Маркушоска, архитект во сектор урбанизам, во Агенцијата за просторно планирање.

07.11.2012

Проф. Д-р Бети Дејанова, од медицинскиот факултет во Скопје изјави Здравјето на луѓето е поврзано со аерозагадувањето кое предизвикува нарушување на респираторниот, кардиоваскуларниот и нервниот систем. Најизложени на тоа се децата под 5 год. Сите загадувачи, хемиските супстанции, гасовите, сообраќајот, индустријата, домовите оштетуваат одреден органски систем, затоа мора да се преземат заштитни мерки особено во урбаните средини, а една од најдобрите е создавањето на природни заштити, како што е зеленилото.

На трибината присуствуваа бројни претставници од неколку институции како: Град Скопје, Центар за справување со кризи, невладини организации и граѓани.

Одбери јазик

mkendefrsqtrsr

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

 ул. Никола Вапцаров 18/1 1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Лилјана Поповска  e-mail: liljana4@t-home.mk
тел: 02/5112-900 02/3224-150

Портпаролка: Маја Морачанин 

Социјални медиуми

Анкета