DOM zname

Сонцето ни дава огромна количина на бесплатна, чиста и потполно еколошка енергија, многу повеќе од нашите потреби , но треба да знаеме и да сакаме да ја искористиме. Oва беше мислењето на сите учесници на трибината во организација на ДОМ со наслов „Како до поголема примена на сончевата енергија – мерки, активности,политики“

 Македонија има голем број на сончеви денови и голем потенцијал за користење на сончевата енергија. Меѓутоа тој потенцијал е искористен помалку од 1%, а знаеме дека според европските директиви до 2020 треба да користиме најмалку 20% обновлива енергија од вкупното количество. Сонцето е најподатливо за остварување на таа цел и затоа треба да се свртиме кон негово искористување. Тој процес кај нас е бавен и затоа треба да го користиме искуството од другите земји и да предвиди одредени стимулативни мерки било како неповратни средства или како „меки зелени кредити„ за користење на сончевата енергија, кои ќе бидат на подолг рок и со помала каматна стапка, а во европските земји тие кредити ги обезбедуваше државата и така го стимулираше населението за нивно наменско користење. На пример Австрија има 35% помалку сончево зрачење од Македонија, на таа има 100 пати поголема искористеност на оваа енергија. Нам како држава потребни ни се измени и допрецизирања на законските и подзаконските акти за да се зголеми употребата на сончевата енергија, како топлотна или за производство на електрична енергија.  

Создавањето  услови за  искористување на сончевата енергија во Македонија, значи создавање на законска регулатива која ќе опфаќа стимулации, субвенции, намалување на даноците, грантови и облигации при реновирања и изградба на нови објекти, воспоставување на неопходно ниво на знаење, искуство, технолошка опременост на фирмите кои се занимаваат со производство на соларни колектори и системи, развојни центри, едукацијата на населението, архитектите,проектантскисте бироа, монтажерите, изведувачите, средствата за информирање и индустријата за искористувањето на сончевата енергија во Македонија. Ако претпоставиме дека би имале инсталиран 1m2по жител Македонија би имала огромни заштеди на енергија и финансиски средства кои би изнезувале околу 64 милиони – рече Ѓорѓи Пеев од здружението за сончева енергија Солар Македонија.

Со одредени економски бенефиции од страна на државата инвестиции би се преземале од илјадници мали инвеститори. На пример, една од мерките кои можат да помогнат во постигнувањето на целта е државата да обезбеди финансиски средства , кои би им биле позајмени на комерцијалните банки за инвестиции во сончеви колектори. Овие средства би им биле доделувани на заинтересираните со поволна каматна стапка не повисока од 3%. На овој начин овие средства ќе обезбедат нови мали енергетски капацитети, би се намалила потрошувачката на енергија, би имало заштеди во семејните буџети, би се стимулирале нови производствени капацитети и би се отвориле нови зелени работни места – изјави Златко Чулев сопственик на Етерна Солар.

Сопственикот на Сието, Звонко Марковски во своето излагање истакна дека за подинамичен развој на фотонапонските системи за добивање на електрична енергија потребни се неколку мерки за поддршка на физички лица, пред се намалување на ДДВ од 18% на 5%, исто како кај сончевите термални колектори; со законската регулатива да се овозможи на физички лица да произведуваат и продаваат струја (сега е тоа дозволено само на правни лица); поедноставување на процедурите за добивање дозволи за фотонапонски системи, како и отворање на кредитна линија за т.н. „мали зелени кредити“ од 20 000 € до 25 000 € со сопствено учество од минимум 20%. Оваа кредитна линија би била во висина од 200 000 000 €, сукцесивно распределени во 10 години. Овие мерки ќе предизвикаат раздвижување на домашната економија, ќе се добие извор на чиста зелена струја која не врши никакво загадување на животната средина, по истекот на овој 10 годишен период Македонија со инсталирани само 10 000 системи ќе поседува фотонапонска централа со моќност од 40 МWи со намалена емисија наCO2во атмосферата од 650 000 тони годишно. Поддршката на правните лица би се состоела во поедноставување на процедурата за добивање дозвола и измена на Законот за градба за воведување задолжително поставување фотонапонски системи на сите државни објекти и објекти кои вршат јавна дејност.