DOM zname

Во своето излагање Лилјана Поповска истакна дека ДОМ како поддржувачи на еднаквите можности на сите граѓани иницира законско регулирање на мобингот, за што до сега не е превземено ништо, иако голем дел од европските директиви ги спроведовме и ова е уште едно прашање кое треба да се покрене за почитување на еднаквите можности. Заштита на работникот, а од тука и  како психичко малтретирање на работното место како специфичен начин на дискриминирање на личноста е прашање кое е  едно од заложбите на ДОМ како партија.

 Психолошкото малтретирање на работното место е често застапена појава за која кај нас ретко се зборува, секојдневно се соочуваме со примери на малтретирање за да се загрози угледот и достоинството на личноста што пак доведува до психичко и физичко нарушување на зравјето на жртвата.

МОБИНГ е термин кој ги опфаќа сите врсти на малтретирање на работното место и токму затоа ние е потребно законско регулирање на истиот како би ги санкционирале извршителите.

Постојат два вида мобинг, психолошка злоупотреба од претпоставен кон вработените и од група вработени кон поединец, а најчести жртви се емотивно слаби луѓе кои се откажуваат од својата средина, сметајќи дека тие го предизвикале проблемот

На трибината се дискутираше за прашањата на актуелизирање на поимот како и за начин на дјствија кои треба да се преземат за да се регулира истиот.

Проф др Антони Новотни, професор по невропсихијатрија, смета дека мобингот претставува психолошка злоупотреба чија цел е целосна психолошка дезинтеграција на личноста. Во Шведска околу 3,5 отсто од вработената популација е изложена на мобинг, а 15 до 20 проценти од извршените самоубиства се лица кои доживеале мобинг и поради психичките последици посегнале по својот живот. Потврдените извршители на мобинг, во Германија, пак, се казнуваат со една година затвор и најмалку пет илјади евра.

- Мобингот предизвикува посттрауматско свесно растројство. Се работи за зачестено, фреквентно и хронично злоупотребување чија цел е психолошка деизинтеграција или уништување на личноста со понижување, дисквалификација и на крај да се прогласи за тотално работно неспособен. Најчесто тие лица сами ги измислуваат работите

Психијатрите во Македонија, лицата што се им обраќаат за такви проблеми ги сведуваат на тешкотии од работното место.

Инда Симиќ претставник на ССМ, истакна дека неколку години работат на овој проблем и дека го третираат во рамки на заштитата при работа. Таа посочи дека итно нире потребно вметнување на мобингот во законската регулатива,

Координаторот на форумот на жени на ДОМ Биљана Дејановска Димитровска изјави дека идејата е да се здружат силите на невладиниот ескор на медиумите на синдикатот иполитичкиот факотор за да можат сите во својот домен да дејствуваат и да се работи на законско регулирање те санкционирање на сторителиотре на МОБИНГ.

Одбери јазик

mkendefrsqtrsr

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

ул. Даме Груев бр.5, зграда 1, влез 2, кат Мезанин
1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Маја Морачанин  
e-mail: m.morachanin@yahoo.com
тел: 02/5112-900 02/3224-150 

Социјални медиуми

Анкета