DOM zname

На денешната трибина „Дали понатамошната демократизација на Македонија е можна без промена на изборниот модел?!“ во организација на Алијанса за Позитивна Македонија, Демократска обнова на Македонија – ДОМ, Демократски Сојуз и Партија за демократски просперитет – ПДП, а на која учествува и претставници од Левичарско Движење Солидарност, Ленка и поранешни амбасадори беше донесен следниов. Модератор на трибината беше Тони Ристов, портпарол на ДОМ.

Пратеничката Лилјана Поповска во обраќањето на трибината го кажа следново.

Ставот на ДОМ за изборниот модел е јасен и одамна кажан: ние сме за една изборна единица, отворени листи и еднаков број жени и мажи на листите.

Причините за отворени листи и еднаков број жени и мажи на нив се очигледни, поврзани со правичност и демократичност на партиите и на системот, па нема дополнително да ги објаснувам.

Ќе дадам неколку клучни аргументи за потребата од една изборна единица:

1. Со промената на црно-белиот свет ќе ослаби главниот генератор на политичките кризи во земјата, зашто кризите настануваат главно поради преголемата и неконтролирана моќ на едната партија што ќе победи на изборите. Со повеќе самостојни партии на изборите, ќе добиеме подемократски и похетерогени влади, базирани на постизборни коалиции. На Македонија не и требаат монолитни влади, цврсти како бетон, зашто тие се по дефиниција авторитарни и арогантни, па лесно ја злоупотребуваат преголемата моќ, на штета на слободата, човековите права и демократијата.

2.Македонското мултикултурно општество има потреба да се изрази преку широка политичка палета, а не да биде стеснето во само две опции. Секоја граѓанска групација со свој специфичен социјален и идеолошки профил има потреба да биде соодветно застапена во Парламентот, а тоа ќе биде можно преку едната изборна единица. Тоа ќе значи правична поделба на пратеничките мандати, што ќе соодветствува на силата на различните граѓански групи во општеството, како и поголема партиципативност на граѓаните во одлучувањето. Сево ова повторно е придонес кон демократијата.

3.Самостојното настапување на избори ќе го јакне идеолошкиот профил на автохтоните партии, кои застапуваат одредена специфична група граѓани. Со ова ќе се дестимулира формирањето вештачки партии, без јасна идеологија, кои се формираат за приватни потреби на 2-3 луѓе, или пак и служат на некоја од големите партии, како зајак-тркач. Ова секако ќе води кон прочистување и јасно профилирање на политичката сцена, каде граѓаните ќе добијат конкретна програмска понуда, а избраните пратеници ќе си преземат конкретни задачи.

4. Поголемата политичка конкуренција ќе ја подигне политичката култура на повисоко ниво и ќе внесе повеќе разум, умереност и толеранција во политичките настапи и дебати, каде говорот на омраза ќе мора да отстапи пред аргументите,  културата и доблеста.

 

5. Силен аргумeнт се и изборните резултати, каде на сите избори од 2006 наваму 100.000 до 200.000 гласачи за партии надвор од коалициите. Ако на ова се додадат уште најмалку 100.000 гласачи на партиите што се во коалициите, се добива бројка од околу 300.000 гласачи што се подготвени да гласат надвор од двата блока.

Одбери јазик

mkendefrsqtrsr

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

 ул. Никола Вапцаров 18/1 1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Лилјана Поповска  e-mail: liljana4@t-home.mk
тел: 02/5112-900 02/3224-150

Портпаролка: Маја Морачанин e-mail: maja.moracanin@dom.org.mk
тел: +389 75 61 81 93

Социјални медиуми

Анкета