Соопштенија

ДОМ иницира заедничка борба на зелените партии против загадувањето од рудниците

egp lile

На годишното собрание на Европските зелени што се одржува од 24 – 26 ноември во Карлштад, Шведска, учествува и делегација од ДОМ , во состав: пратеничките Лилјана Поповска и Маја Морачанин,како и советниците од Градот Скопје и општина Ѓорче Петров - Христа Најданов и Бојан Петровски.

Повеќе...

Поповска: Решавањето на отпадот да си го поставиме како европски приоритет на Балканот

soopstenie 23

„Решавањето на отпадот треба да си го поставиме како европски приоритет на Балканот за сите земји од регионот. Не треба да чекаме поглавјето за животната средина да ни биде побарано од ЕУ како последно за решавање, туку сами да се зафатиме со него затоа што е во наш интерес. Недозволиво е нашите убави земји да бидат прекриени со тони отпад, а водите и почвите да бидат загадени. Постои експертско знаење во институциите, во бизнис секторот и во граѓанскиот сектор, а постојат и огромни можности за користење европски фондови поединечно или регионално за ова цел“, рече пратеничката Лилјана Поповска на годишната конференција на MASWA - Македонска асоцијација за упраување со отпад.

Повеќе...

ДОМ: Потребен ни е применлив и функционален закон за јазици

Zname

На денешното гласање за законот за употреба на јазиците во прво читање пратеничките од ДОМ, Лилјана Поповска и Маја Морачанин, не гласаа ниту за ниту против законот. Тие ја поддржуваат идејата за унапредување на јазичните права на секој граѓанин во Република Македонија, но сметаат дека предложениот текст на законот е тешко применлив и нефункционален. Затоа во следниот период ќе се вклучат во амандманско подобрување на текстот.

Повеќе...

Морачанин од ДОМ: Осуда на кампањата против еманципираните жени

maja slika

Пратеничката и претседателка на Форумот на жени на ДОМ, Маја Морачанин, во своето обраќање во Собранието го истакна значењето на медиумите во унапредувањето на правата на жените и родовата еднаквост. Таа се осврна на Извештајот за родот во телевизиските програми во 2016 година изработен од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Според спроведената родова анализа на дневните вести од вкупно 876 презентирани прилози само 2 прилога содржеле родова проблематика. Од вкупниот број соговорници само 25% биле жени. Морачанин ја истакна и важноста на употребата на родово афирмативен јазик, односно точен граматички род при претставувањето на професијата и функцијата на соговорничките.

Повеќе...

ДОМ во посета на Берово и Делчево

23314535 1650652401622550 972763970 o 1

Делегација од ДОМ оствари посети на општинските организации во Берово и Делчево и оствари средби со советниците од ДОМ во тие општини, Јован Ковачовски и Дијана Јосифовски.

Повеќе...

Советник од Oпштина Лозово премина во ДОМ

lozovo

Советникот од Oпштина Лозово, Влатко Стојановски од коалициската листа на ВМРО – ДПМНЕ премина во редовите на ДОМ. Денеска членови од раководството на ДОМ и МОДОМ заедно со пратеничките Лилјана Поповска и Маја Морачaнин остварија средба со новиот советник и со раководството на Општинската организација на ДОМ во Лозово.

Повеќе...

Советници од ДОМ: Приоритет со зелени општини без загадувачка индустрија

SOVETNICI DOM

ДОМ на овие локални избори, учествувајќи во здружената коалиција предводена од СДСМ, освои деветнаесет советници во исто толку општини во Република Македонија, кои, пред се, ќе се залагаат за реализирање на целите и заложбите на ДОМ како зелена партија, а тоа е создавањето зелени општини за здрав живот.

Повеќе...

Делегација на ДОМ положи свежо цвеќе по повод 23 октомври

23 oktomvri

По повод празникот 23 октомври – Денот на македонската револуционерна борба, делегација од ДОМ во состав Дејан Димитровски советник во општина Гази Баба, Христина Оџаклиеска советник во општина Кисела Вода и Бојан Петровски советник во Ѓорче Петров положија свежо цвеќе на споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк во Скопје.

ДОМ бара итно затворање на рудникот Казандол

Zname

ДОМ бара итно затворање на рудникот Казандол од страна на Владата, поради прекршување на договорот за концесија и прекршување на процедурата за нејзино добивање во повеќе сегменти. Ова го темелиме врз извештајот од вонредниот надзор во рудникот од страна на Државниот инспекторат за животна средина, направен неодамна на барање на граѓанското здружение од Гевгелија „Спас за нас“.

Повеќе...

Промоција на книга на Лилјана Поповска

Lile promocija

Денеска беше промовирана книгата на д-р Лилјана Поповска „Мултикултурни поврзувања во граѓанскиот сектор во Република Македонија – влијание врз јавните политики и социјалната кохезија“, во која станува збор за влијанието на граѓанскиот сектор во мултикултурните општества, како заеднички именител за обезбедување интеркултурен дијалог, за намалување на поделеноста во општеството и за зголемување на социјалната кохезија, во функција на стабилна, демократска и просперитетна држава.

Повеќе...

Одбери јазик

mkendefrsqtrsr

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

 ул. Никола Вапцаров 18/1 1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Лилјана Поповска  e-mail: liljana4@t-home.mk
тел: 02/5112-900 02/3224-150

Портпаролка: Маја Морачанин 

Социјални медиуми

Анкета