Соопштенија

Морачанин од ДОМ: Да, за декриминализација на канабисот!

Фотографија

“Јас, како докторка не поддржувам употреба на психотропни супстанци за рекреативна употреба, но сметам дека секој полнолетен граѓанин има право на слободен избор дали ќе користи канабис”-рече пратеничката Морачанин на панел дискусијата на тема “Декриминализација на канабисот, сега”.

Повеќе...

ДОМ: Во овој миг ратификацијата и е потребна на Македонија, а иднината ќе ја одредат граѓаните

Македонско Знаме на Јарбол

По долга и емотивна дискусија и анализа на текстот на Договорот со Грција, Централниот одбор на ДОМ одлучи да се поддржи неговата ратификација, зашто во овој миг и е потребна на Македонија, од три причини:

Прво, со ратификацијата Македонија ќе ги започне конечно преговорите со ЕУ и ќе го откочи процесот за прием во НАТО. Тоа се наши стратешки цели, неопходни за зачувување на нашиот територијален интегритет и на нашите млади генерации.

Повеќе...

ДОМ им го честита празникот Рамазан Бајрам на граѓаните од муслиманска вероисповед

ДОМ знаме

ДОМ срдечно им го честита празникот Рамазан Бајрам на сите граѓани на Република Македонија од муслиманска вероисповед, посакувајќи им добро здравје, мир и лична благосостојба.

Повеќе...

ДОМ: Македонија нема простор за нови рудници, ни за еколошки катастрофи!

Фотографија Рудник

ДОМ, како зелена партија, чувствува обврска да упати јавна порака до учесниците на форумот за рударство што деновиве се одржува во Скопје, дека Македонија е премногу мала за нивните големи амбиции и нема простор за нови рудници! Зашто, застрашувачки е фактот дека во последниве 25 години имало над 30 еколошки катастрофи во светот, само од лужење со цијаниди во површински рудници!

Повеќе...

ДОМ: Нови зелени работни места во екотуризмот во Охридскиот регион

Конференција Охрид 10.06.2018

Во организација на ДОМ и Зелениот Институт, со поддршка на холандската фондација Биро де Хелинг, во Охрид се одржа конференција: 4 Сезони екотуризам во Охридскиот регион. Се дискутираше за развој на екотуризам и алтернативни форми на туризам со строга заштита на животната средина, за да се задржи статусот на заштитено подрачје од УНЕСКО на Охридскиот регион.

Повеќе...

ДОМ: Кој ги мами луѓето во Тимјаник?

Тимјаник Деца со Попреченост цртеж

ДОМ јавно прашува кој ги мами луѓето во Тимјаник? Зашто, најверојатно се работи за голема измама на граѓаните од убавото неготинско село дека може да имаат некаква, било каква штета кога нивни сограѓани ќе станат неколку лица со попреченост.

Повеќе...

ДОМ: Кој одобрил зграда во слепата уличка во Пржино?

Slepa ulica Przino S3

ДОМ го поддржува досегашниот пристап на градоначалникот на Кисела Вода, кој бара начини како да се справи со наследените проблематични состојби во урбанистичкото планирање во општината. Го охрабруваме да не потпишува одобрение за изградба на нова зграда во слепата уличка во Пржино, улицата „679“, зашто нема ни теоретски услови за обезбедување нормално живеење ни за жителите од соседството, ни за планираните нови жители!

Повеќе...

КОНФЕРЕНЦИЈА - 4 СЕЗОНИ ЕКОТУРИЗАМ ВО ОХРИДСКИОТ РЕГИОН

34860301 852470988271516 4137153584611459072 n

      Во недела, на 10 јуни, во Охрид ќе се одржи конференција насловена: 4 Сезони екотуризам во Охридскиот регион, во организација на Зелениот институт, ДОМ и холандската фондација Биро де Хелинг. Акцентот ќе биде на екотуризмот, што значи развој на алтернативни форми на туризам со строга заштита на животната средина, за да се задржи статусот на заштитено подрачје од УНЕСКО за Охридскиот регион.

Повеќе...

ДОМ: Кој е за политички плурализам, ќе поддржи една изборна единица!

ДОМ знаме

ДОМ го повторува својот став дека е потребна промена на изборниот модел во една изборна единица без праг, со отворени листи и еднаков број жени и мажи на нив. Ги повикуваме „големите“ политички партии кои преговараат за изборниот модел да си достојат на декларираните заложби за демократизација на Република Македонија. Овој процес води директно преку плурализација на политичката сцена и создавање услови за слободно изјаснување на гласачите.

Повеќе...

Конференција: 4 сезони екотуризам во Охридскиот регион

Охрид Конференција Фотографија

Во рамките на активностите на Зелениот институт од Скопје и на ДОМ, како зелена партија коjа што, меѓу другото, сестрано се залага за заштита на животната средина, во Охрид на 10 јуни се организира конференција насловена: 4 сезони екотуризам во Охридскиот регион.

Повеќе...

Одбери јазик

mkendefrsqtrsr

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

ул. Даме Груев бр.5, зграда 1, влез 2, кат Мезанин
1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Маја Морачанин  
e-mail: m.morachanin@yahoo.com
тел: 02/5112-900 02/3224-150 

Социјални медиуми

Анкета