Соопштенија

ДОМ се подготвува за локалните и претседателските избори

DOM zname

Без оглед како ќе одлучиме да настапиме на локалните избори 2009, самостојно или во коалиција, ДОМ сериозно се подготвува за учество не претстојните избори. Со денешното советување започнуваат внатрепартиските консултации за претстојните разговори со коалиционите партнери, беше кажано на денешната седница на Советот на ДОМ којa се одржа во проширен состав и на која беа сондирани мислењата и отпочнаа консултациите за претстојните локални и претседателски избори, кои ќе продолжат во општинските организации.

Повеќе...

Меморандум за заедничка соработка меѓу ДОМ И ПЕИ

DOM zname

Врз основа на чл. 4 од Статутот на ПЕИ  и чл.2 од Статутот на ДОМ, на својата заедничка седница одржана на 17 октомври 2008 г., извршните органи на Партијата за европска иднина на Македонија и Демократската обнова на Македонија, го усвоија следниот:

Повеќе...

ДОМ дел од Советувањата на Европските Зелени

DOM zname

Делегација на ДОМ по покана од Европската Зелена Партија присуствуваше на Советувањето на Европските Зелени што се одржа во Париз од 09 до 12 октомври. Делегацијата на ДОМ во официјалната комуникација (печатените материјали, идентификационите документи) беше именувана со Македонија.

Повеќе...

ДОМ: Решавање на статусот на професионалните војници во АРМ!

DOM zname

Почитувани,

Денес претседателката на ДОМ и пратеник во Собранието на Република Македонија, Лилјана Поповска се сретна со делегација на Здружението на професионалните војници на АРМ, кое беше предводено од професионалниот војник Гордан Бојковски, кој е и координатор на здружението.

Повеќе...

Велосипедски маратон Галичица – прва планинско - велосипедска трка во Македонија

Otvoranje na patekataV

Комисијата за туризам на ДОМ, ВСД Енерџи Скопје и ДПС Трансверзалец, полека го пробиваат „Сончевиот Круг“ во јавноста. Се повеќе субјекти се заинтересирани за обезбедување услови за негова реализација. Пред 2 месеца ЈП Јасен Скопје, го препозна проектот и таму се одржа велосипедскиот маратон Јасен 2008. Раководните лица на Националниот Парк Галичица, потстрекнати од можностите за развој на овој спорт и се разбира и како можност за збогатување на туристичката понуда се обратија за помош во подготовка и реализација на патека за планински велосипедизам и тоа ќе вроди со плод со официјално отварање на планинска велосипедска патека на 29.06.2008 г.

Повеќе...

Отворен централниот изборен штаб на ДОМ

   

 

 

 

 

 

Еден ден пред официјалниот старт на кампањата за парламентарните избори 2008 на плоштадот "Македонија", во поранешниот објект Метропол беше отворен Централниот изборен штаб и Прес центарот на Демократската обнова на Македонија - ДОМ. 

Повеќе...

Кандидати за избор на пратеници

                               Лилјана Попоска

 

 

 

 

 

 

- Претседател е на политичката партија ДОМ - Демократска обнова на Македонија, центристичка партија со силни заложби за еднакви можности на сите граѓани, заштита на животната средина и културниот диверзитет, како и за развој на туризмот. 

Повеќе...

Членови на централниот изборен штаб

DOM zname

Шеф на штаб: 
     проф. д-р Соња Лепиткова
Заменик шеф на штаб: 
     Огнен Апостолски
Заменик шеф на штаб: 
     Китан Павловски
Сектор аналитика: 
доц. д-р Благица Сековска
Сектор маркетинг и ПР: 
     м-р Стево Темелковски
Портпарол на ДОМ: 
     Тони Ристов
Сектор за правни работи:
     Китан Павловски
Сектор организација: 
     Сашо Богданоски
Сектор финансии: 
     Зоран Милевски
Сектор логистика: 
     Насер Хот
Сектор за волонтери: 
     Владо Србиновски

ДОМ со тројца кандидати за пратеници за изборите 2008

DOM zname

- Во широката коалиција ,,За подобра Македонија’’ во која влегоа 20 партии, се наоѓа и Демократската обнова на Македонија која според искажувањето на предводникот на оваа коалиција ВМРО-ДПМНЕ внесува нова свежина и дух.

Повеќе...

Одбери јазик

mkendefrsqtrsr

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

ул. Даме Груев бр.5, зграда 1, влез 2, кат Мезанин
1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Маја Морачанин  
e-mail: m.morachanin@yahoo.com
тел: 02/5112-900 02/3224-150 

Социјални медиуми

Анкета