Соопштенија

ДОМ: Поканата за НАТО e мотив за спроведување на реформите

знаме дом

ДОМ ја поздравува добиената покана за членство на Македонија во НАТО. Поканата овозможува реализирање на цврстата определба на огромното мнозинство граѓани, нашата држава да биде полноправна членка на НАТО алијансата. 

Повеќе...

Мирослав Богдановски од ДОМ е новиот раководител на секторот Инспекторат на Град Скопје

Итни реформи на градскиот Инспекторат за поголема ефикасност, негова транспарентност и достапност до граѓаните за тој да биде вистинска алатка преку која граѓаните ќе можат да ги остварат своите права - се само дел од суштинските предизвици што пред себе си ги поставува новиот раководител на Секторот Инспекторат на Град Скопје, Мирослав Богдановски. На оваа позиција Богдановски доаѓа од Агенцијата за просторно планирање, каде што работел 10 години, а една година бил и директор на Државниот инспекторат за животна средина. Богдановски е магистер по економски науки и долгогодишен активист за заштита на животната средина, активно вклучен во неколку здруженија и иницијативи со искрена желба и амбиција да придонесува за одржлив развој и почиста и поздрава околина.

miroslav bogdanovski 1

Повеќе...

Конференција на ДОМ во Штип: Општини без отпад

Штип Општини без отпад 07.07.2018

Зелената партија ДОМ, во соработка со Зелениот Институт и Биро де Хелинг од Холандија, денес во Штип организираше конференција насловена „Општини без отпад“. На конференцијата учествуваа претставници од локалната самоуправа, Министерството за животна средина и просторно планирање, граѓански организации, советници од ДОМ и еколошки активисти.

Повеќе...

ДОМ: Сега се на ред фотонапонски централи за цели населби!

фотографија

Со првата мини фотонапонска централа на приватен објект во Скопје, практично започна имплементацијата на новиот закон за енергетика со кој граѓаните ќе можат да инсталираат панели на своите покриви и вишокот на електрична енергија да го продаваат на слободен пазар.

Повеќе...

Морачанин од ДОМ: Да, за декриминализација на канабисот!

Фотографија

“Јас, како докторка не поддржувам употреба на психотропни супстанци за рекреативна употреба, но сметам дека секој полнолетен граѓанин има право на слободен избор дали ќе користи канабис”-рече пратеничката Морачанин на панел дискусијата на тема “Декриминализација на канабисот, сега”.

Повеќе...

ДОМ: Во овој миг ратификацијата и е потребна на Македонија, а иднината ќе ја одредат граѓаните

Македонско Знаме на Јарбол

По долга и емотивна дискусија и анализа на текстот на Договорот со Грција, Централниот одбор на ДОМ одлучи да се поддржи неговата ратификација, зашто во овој миг и е потребна на Македонија, од три причини:

Прво, со ратификацијата Македонија ќе ги започне конечно преговорите со ЕУ и ќе го откочи процесот за прием во НАТО. Тоа се наши стратешки цели, неопходни за зачувување на нашиот територијален интегритет и на нашите млади генерации.

Повеќе...

ДОМ им го честита празникот Рамазан Бајрам на граѓаните од муслиманска вероисповед

ДОМ знаме

ДОМ срдечно им го честита празникот Рамазан Бајрам на сите граѓани на Република Македонија од муслиманска вероисповед, посакувајќи им добро здравје, мир и лична благосостојба.

Повеќе...

ДОМ: Македонија нема простор за нови рудници, ни за еколошки катастрофи!

Фотографија Рудник

ДОМ, како зелена партија, чувствува обврска да упати јавна порака до учесниците на форумот за рударство што деновиве се одржува во Скопје, дека Македонија е премногу мала за нивните големи амбиции и нема простор за нови рудници! Зашто, застрашувачки е фактот дека во последниве 25 години имало над 30 еколошки катастрофи во светот, само од лужење со цијаниди во површински рудници!

Повеќе...

ДОМ: Нови зелени работни места во екотуризмот во Охридскиот регион

Конференција Охрид 10.06.2018

Во организација на ДОМ и Зелениот Институт, со поддршка на холандската фондација Биро де Хелинг, во Охрид се одржа конференција: 4 Сезони екотуризам во Охридскиот регион. Се дискутираше за развој на екотуризам и алтернативни форми на туризам со строга заштита на животната средина, за да се задржи статусот на заштитено подрачје од УНЕСКО на Охридскиот регион.

Повеќе...

ДОМ: Кој ги мами луѓето во Тимјаник?

Тимјаник Деца со Попреченост цртеж

ДОМ јавно прашува кој ги мами луѓето во Тимјаник? Зашто, најверојатно се работи за голема измама на граѓаните од убавото неготинско село дека може да имаат некаква, било каква штета кога нивни сограѓани ќе станат неколку лица со попреченост.

Повеќе...

Одбери јазик

mkendefrsqtrsr

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

 ул. Никола Вапцаров 18/1 1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Маја Морачанин  
e-mail: m.morachanin@yahoo.com
тел: 02/5112-900 02/3224-150 

Социјални медиуми

Анкета