Соопштенија

Заклучоци од седницата на Централниот одбор на ДОМ

DOM zname

На состанокот на Централниот одбор на ДОМ, одржан на 17 ноември 2012 година, беше разговарано на тема: Подготовки на ДОМ за настап на претстојните локални избори 2013 година. 
По богата дискусија беа донесени следниве заклучоци:

Повеќе...

ДОМ го осудува нападот врз ЛГБТ активистите

DOM zname

ДОМ го осудува нападот врз ЛГБТ активистите пред вчерашниот Марш на толеранцијата како неразумен и насилен чин, сосем спротивен на пораката на маршот. Нашава земја била пример за толеранција на различностите и треба таква и да остане, во интерес на сите наши граѓани.

Повеќе...

Поповска во Сараево во подготовка на Резолуција на ЕП за правата на жените од Западен Балкан

Marije Cornelissen

 

 

 

 

 

 

По покана на европратеничката Мараја Корнелисен од парламентарната група на Зелените, Поповска учествува на регионалната тркалезна маса „Женските права на Западен Балкан во контекст на пристапувањето кон Европската Унија“, од која треба да произлезат препораки за Резолуција од Европскиот Парламент.

Повеќе...

ДОМ го осудува вандалскиот напад врз ЛГБТ центарот во Старата скопска чаршија

kamenuvani-lgbt-skopje

 

 

 

 

 

 

 

ДОМ реагира по повод вандалскиот напад на отворениот Центар за поддршка на лицата од ЛГБТ заедницата во Старата чаршија. Говорот на омраза само ги заострува проблемите и најостро го осудуваме агресивното и вандалско однесување како најпримитивен начин на изразување на хомофобијата. Луѓето во Македонија секогаш биле толерантни кон припадниците на различни групи по верска и по етничка основа, затоа е потребно достоинствено и човечко однесување и кон припадниците на ЛГБТ заедницата.

Повеќе...

Иницијативата на ДОМ и „Ајде Македонија“ „Македонија без отпад 2012“ успешно се реализираше

PodKaleSobiranjeOtpad

 

 

 

 

 

 

 

Иницијативата на ДОМ и асоцијацијата на невладини организации „Ајде Македонија“ за „Македонија без отпад 2012“ успешно се реализираше. Акцијата опфаќаше чистење на Македонија од отпадот по дивите депонии. Во оваа акција под мото “Активирај се не биди отпад!” беа вклучени Министерството за животна средина и просторно планирање, Град Скопје и 54 општини ширум Македонија имаше регистрирано 440 настани, беа вклучени над 55.000 граѓани и беа отстранети над 60.000 кубни метри отпад.

Повеќе...

ДОМ бара нови заштитени подрачја за побрз развој на еко-туризмот

Toni-Ristov-Pres-Zastiteni-podracja

 

 

 

 

 

 

 

 

ДОМ предлага прогласување на нови заштитени подрачја, како на пример за Национални паркови (Шар планина, Јакупица, Осогово); Заштитени подрачја (Водно, Скопската тврдина - Кале, Гази Баба), Строги природни резервати (Тиквеш) и др; зголемување на процентот на заштитени подрачја во Република Македонија минимум до светскиот просек од 13%, а што поскоро и достигнување на зацртаното од Просторниот план на Република Македонија од заштитени и предложени подрачја од 17% и создавање на инфраструктура за развој на еко-туризмот, со јасно дефинирани критериуми, во постоечките и во ново прогласените заштитени подрачја - ова беше предложено од прес конференцијата која се одржа во пресрет на Светскиот ден на туризмот 27 септември, а на која говореше портпаролот Тони Ристов.

Повеќе...

ДОМ за Водно: Природата ја казнува ароганцијата на капиталот

potporen-dzid-Vodno1

 

 

 

 

 

 

 

Трката за престиж го доведе во опасност животот, здравјето и безбедноста на луѓето. Денеска се евакуирани само десетина семејства, утре може да бидат илјадници, а можни се и големи човечки жртви. Кој ќе ја сноси одговорноста?

Повеќе...

Декларацијата на Мешовитиoт парламентарен комитет од Брисел позитивен пример за парламентарна дипломатија

Makedonija EU

 

 

 

 

 

 

ДОМ ги поздравува заклучоците и донесената Декларација од страна на Мешовитиoт парламентарен комитет ЕУ - Република Македонија. Ова го сметаме за голем успех на македонската парламентарна дипломатија и потврда дека заедничкото дејствување и консензуален став може многу да придонесат во понатамошното приближување на Република Македонија кон членството во ЕУ. Не радуваат дадените препораки да се врати придавката „македонски” во извештаите на Европскиот совет и да се почитува македонскиот идентитет, култура и јазик, Европскиот совет без одложување да определи почеток на преговори за македонско членство во ЕУ до крајот на 2012 година и пресудата на Меѓународнито суд на правдата од Хаг да биде обврска Грција да не го попречува членството на Македонија во НАТО и почетокот на преговорите за членство во ЕУ.

Повеќе...

ДОМ: Да ги одбраниме парковите

DOM zname

ДОМ, по повод 22 април, Светскиот ден на планетата Земја, организира еколошки настан во недела, 22 април, во 12.00 часот, кај Школката во Градскиот парк во Скопје. Со овој настан ДОМ ја вклучи и Македонија кон светското одбележување на овој ден во кое учествуваат преку 100 земји.

Повеќе...

Лилјана Поповска на Меѓународната конференција за родова еднаквост во Анкара

lile

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Лилјана Поповска, ·пратеник и претседател на ДОМ, во својство на претседател на Парламентарната комисија за еднакви можности на жените и мажите, денеска и утре, 22 – 23 март, престојува во Анкара како учесник на Меѓународната конференција за родова еднаквост, собир на претседатели на парламентарните комисии за еднакви можности на жените и мажите.

Повеќе...

Одбери јазик

mkendefrsqtrsr

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

ул. Даме Груев бр.5, зграда 1, влез 2, кат Мезанин
1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Маја Морачанин  
e-mail: m.morachanin@yahoo.com
тел: 02/5112-900 02/3224-150 

Социјални медиуми

Анкета