Соопштенија

Поповска со подршка за ХОТАМ за субвенционирање туристи од регионот

31.07.2014

Поповска го поддржа предлогот на ХОТАМ. Во насока на рамномерен развој на сите туристички региони, според  Лилјана Поповска, Министерството за економија под итно да напарави анализа на резултатите од досегашните владини мерки, од причини што Владата има доста вложувања во овој економски сектор. Министерството за економија, потенцира Поповска, треба да пријде кон изработка на нова стратегија за развој на туризмот, само да потсетам старата престана да важи во 2013-та година.

Повеќе...

ДОМ ја поднесе кривичната пријава против Југохром

DOM zname

ДОМ ја поднесе кривичната пријава против Југохром во Основното јавно обвинителство - Тетово, за истите кривични дела како и за Макстил:

-Загадување на животната средина и природата (член 218)и

-Загрозување на животната средина со отпадни материи(член230).

Повеќе...

ДОМ ја поднесе кривичната пријава против Макстил

DOM zname

ДОМ ја поднесе кривичната пријава против Макстил за кривичните дела:

      -Загадување на животната средина и природата (член 218)и

-Загрозување на животната средина со отпадни материи(член230).

Повеќе...

Барање за заштита на зеленилото во урбаниот дел на општина Охрид

DOM zname

Општинската организација на ДОМ од Охрид во согласност со своите политики и програмски приоритети, а врз основ на барање на станарите од станбената зграда на ул. „Јане Сандански“ бр. 61 упатено до нас како општинска организација,се залага за  заштита на зеленилото во урбаниот дел на општина Охрид.

Повеќе...

ДОМ им го честита празникот Рамазан Бајрам на сите жители од муслиманска вероисповед

DOM zname

ДОМ на сите жители на Р.Македонија кои се припадници на муслиманската вера им го честита празникот Рамазан Бајрам со желби за многу здравје, љубов , среќа, заемна почит, успех и благодет. Нека денес и во текот на цела година топлина ви го обземе срцето, нека радоста ви ја избрише тагата, нека разумот надвладее, нека слогата и почитта ни го исполнат срцето и разумот.

Bajram Serif mubarek olsun! Me fat me bajrami! Srecan Bajram! Среќен Бајрам.

ДОМ оддаде почит на загинатите од страотниот земјотрес

DOM zname

На денешен ден се навршуваат 51 година од катстрофалниот земјотрес кој го погоди Скопје.

Делегација на Демократска обнова на Македонија – ДОМ по тој повод денеска оддаде почит со положување свежо цвеќе пред Споменикот на жртвите од катастрофалниот земјотрес од 1963г. на гробиштата Бутел.

ДОМ: Кривични пријави за МАКСТИЛ и ЈУГОХРОМ

DOM zname

ДОМ ги подготви кривичните пријави против МАКСТИЛ и ЈУГОХРОМ за Кривичните дела:

-Загадување на животната средина и природата (член 218) и

-Загрозување на животната средина со отпадни материи (член230).

Повеќе...

ДОМ: МАКСТИЛ и ЈУГОХРОМ да не работат до еколошко прилагодување

DOM zname

ДОМ бара Макстил и Југохром да не работат до еколошко прилагодување. Од менаџерските тимови бара да покажат хуманост кон луѓето во Скопје и Тетово, но исто така и почит кон законите на оваа земја, каде што го прават профитот!

Повеќе...

ДОМ: Лапсусот на Меркел е проблем на МНР

DOM zname

ДОМ бара од МНР конкретни дипломатски активности со кои на сите пријателски земји ќе им се објасни суштината на наметнатиот спор со Грција, за да не доаѓаат во ситуација кога, сакајќи да ни помогнат, несвесно ни одмагаат.

Повеќе...

Поповска се произнесе во парламентот

lile3kongres

"Јас ќе ги поддржам уставните промени. Некои се многу важни, особено оние поврзани со судскиот систем и финансиите. Но, токму поради нивното значење, потребна е широка јавна дебата и експертска анализа, која е впрочем и најавена од предлагачот.

Повеќе...

Одбери јазик

mkendefrsqtrsrnl

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

ул. Даме Груев бр.5, зграда 1, влез 2, кат Мезанин
1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Маја Морачанин  
e-mail: m.morachanin@yahoo.com
тел: 02/5112-900 02/3224-150 

Социјални медиуми

Анкета