Соопштенија

Промоција на Зелената Програма на ДОМ за Локалните избори 2013 и Изборна конвенција на носителите на зелените советнички листи

dom programa

Промоција на Зелената Програма на ДОМ за Локалните избори 2013 и Изборна конвенција на носителите на зелените советнички листи.

Повеќе...

Став на Лилјана Поповска за преминувањата од ЛДП во ДОМ

liljana slika

ДОМ е отворена партија за секој што ја сака Македонија и ги споделува нашите вредности за демократијата, социјалната правда, одржливиот развој и екологијата. ДОМ настапува со толеранција, разум и одмереност и затоа најчесто привлекува луѓе кои ги поседуваат токму овие особини, како што е случај со колегите кои дојдоа од ЛДП. Тоа се угледни луѓе во своите средини и не случајно беа на раководни позиции во партијата и советници.

Повеќе...

„Балкан слободен од нуклеарна енергија“ - Писмо до политичката партија Зелените од Бугарија

nuk

Почитувани зелени пријатели,

Пред се сакаме да Ви честитаме за неверојатната пожртвуваност на сите ваши членови и надчовечките напори кои ги вложивте сите во обидите ова референдумското прашање да го актуелизирате и да го поставите врз вистинската основа, а тоа е правото на здрав и безбеден живот и ослободување на граѓаните на Бугарија, а со тоа и на целиот Балкан, од тесно политичките и финансиските интереси на одредени структури во Република Бугарија  и надвор од неа, кои се дел од силното нуклеарно лоби. Вие со вашите ставови и активности го трасиравте патот по кој Бугарија, Балканот  и целиот свет треба порешително да зачекори, патот кон одржливиот развој и тоа преку конкретен политички, демократски и граѓански ангажман.

Повеќе...

Почнуваме кампања за економско јакнење на жените

DOM Pres- Forum na zeni - Ekonomsko jaknenje na zenite

ДОМ како зелена партија се бори за економско јакнење на жените, зашто економската независност е предуслов за достоинствен живот на жените и нивните семејства, но и за севкупен развој на државата. Затоа, преку Форумот на жени на ДОМ започнуваме кампања за економско јакнење на жените.

Повеќе...

Честитка од ДОМ до градоначалникот Коце Трајановски и Град Скопје за зелената инвестиција

cestitka za drisla od dom

ДОМ го поздравува постигнатиот договор за заедничко вложување на Град Скопје и италијанскиот конзорциум „ФЦЛ амбиенте“ од Рим за модернизирање на депонијата на „Дрисла“ и изградба на фабрика за рециклирање на отпадот.

Повеќе...

Форумот на жени на ДОМ во посета на Детското село

Forum na zeni na DOM-detsko-selo

 По повод Меѓународниот на солидарноста (20 декември) и во пресрет на Новата година , Форумот на жени на ДОМ го посети Советодавниот Центар за родители и деца на СОС Детското село Македонија кој функционира во рамките на градинката „25 Мај“, при општината Гази Баба. Во оваа прилика жените од Форумот на жени на ДОМ и Дедо Мраз на околу 50-тина дечињата им подарија новогодишни подароци.

Повеќе...

Заклучоци од седницата на Централниот одбор на ДОМ

DOM zname

На состанокот на Централниот одбор на ДОМ, одржан на 17 ноември 2012 година, беше разговарано на тема: Подготовки на ДОМ за настап на претстојните локални избори 2013 година. 
По богата дискусија беа донесени следниве заклучоци:

Повеќе...

ДОМ го осудува нападот врз ЛГБТ активистите

DOM zname

ДОМ го осудува нападот врз ЛГБТ активистите пред вчерашниот Марш на толеранцијата како неразумен и насилен чин, сосем спротивен на пораката на маршот. Нашава земја била пример за толеранција на различностите и треба таква и да остане, во интерес на сите наши граѓани.

Повеќе...

Поповска во Сараево во подготовка на Резолуција на ЕП за правата на жените од Западен Балкан

Marije Cornelissen

 

 

 

 

 

 

По покана на европратеничката Мараја Корнелисен од парламентарната група на Зелените, Поповска учествува на регионалната тркалезна маса „Женските права на Западен Балкан во контекст на пристапувањето кон Европската Унија“, од која треба да произлезат препораки за Резолуција од Европскиот Парламент.

Повеќе...

ДОМ го осудува вандалскиот напад врз ЛГБТ центарот во Старата скопска чаршија

kamenuvani-lgbt-skopje

 

 

 

 

 

 

 

ДОМ реагира по повод вандалскиот напад на отворениот Центар за поддршка на лицата од ЛГБТ заедницата во Старата чаршија. Говорот на омраза само ги заострува проблемите и најостро го осудуваме агресивното и вандалско однесување како најпримитивен начин на изразување на хомофобијата. Луѓето во Македонија секогаш биле толерантни кон припадниците на различни групи по верска и по етничка основа, затоа е потребно достоинствено и човечко однесување и кон припадниците на ЛГБТ заедницата.

Повеќе...

Одбери јазик

mkendefrsqtrsr

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

 ул. Никола Вапцаров 18/1 1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Лилјана Поповска  e-mail: liljana4@t-home.mk
тел: 02/5112-900 02/3224-150

Портпаролка: Маја Морачанин 

Социјални медиуми

Анкета