Соопштенија

ДОМ: им дадовме црвен картон на ГМО

DOM zname

Им дадовме црвен картон на генетски модифицираните организми и на било какви идеи за нивно навлегување во Македонија! Токму тоа го баравме со јавниот повик за сторнирање на Правилникот за сточна храна и ревидирање на Законот за ГМО сега, кога Македонија е сеуште чиста од ГМО.

Повеќе...

ДОМ за заштита од ГМО 2013

DOM zname

На денешната трибина на ДОМ под наслов Се почнува од семето, а во рамките на кампањата ДОМ ЗА ЗАШТИТА ОД ГМО, претседателката  Лилјана Поповска рече:

ДОМ бара Македонија да стане ГМО-слободна зона, значи територија без ГМО! Во моментов во земјава постојат 6 ГМО-слободни зони, односно 6 општини чии совети го изгласале тоа во изминатите мандати, како резултат од невладина  кампања. Но парадоксално е што добар дел од сегашните советници и градоначалници не ни знаат дека се дел од европската мрежа на ГМО-слободни територии. Затоа и не го користат тоа како своја предност, за развој на еко-туризам и производство на храна со сертификат од чисто подрачје.

Повеќе...

ДОМ за заштита од ГМО 22.09

DOM zname

ДОМ ја изразува својата загриженост поради широко отворената врата за влез на генетски модифицирани организми во Македонија, преку Правилникот за сточна храна, донесен неодамна од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство, со кој се дозволува увоз на ГМО - сточна храна од 1 октомври оваа година.

Повеќе...

ДОМ: Органска храна наместо ГМО

 DOM zname

ДОМ денес го поддржа „Фестивалот за органска храна“ организиран одЗдружението за одржлив социо-економски развој „Изгрејсонце“ – Скопје.

Повеќе...

Поповска: Демократијата е како воздух

1

„Демократијата е како воздух – неопходна за живот, за да дишеш слободно, да го зборуваш она што го мислиш и да живееш во склад со своите убедувања. И никогаш не е доволно, секогаш бараш уште – тоа е приказна без крај!“ – изјави Лилјана Поповска поповод Меѓународниот ден на демократијата15ти септември.

ДОМ со поддршка на акцијата за чистење на националните паркови

nacionalen park

Со свое вклучување заменикот- министерот Стево Темелковски  и членови на ДОМ дадоа поддршка на целата активност, а се чистеше на фудбалските  терени во с. Маврово, на ски-патеките, по крајбрежјето на Мавровско Езеро се до црквата во вода, по течението и притоките на реката Радика и на сите излетнички места кои деновиве беа посетени од туристи.

Повеќе...

Закон за зеленило е единствено трајно решение

DOM zname

Проблемот со зеленилото може да се реши само институционално со донесувањето на закон за зеленило и зелен катастар. Ова е единствениот траен начин да се заштити постоечкото зеленило и да се се зголеми неговата површина.

Повеќе...

Честитка од ДОМ по повод националниот празник 2 Август – Илинден

DOM zname

На сите граѓани на Република Македонија ДОМ им ги честита двата македонски Илиндени – јубилејниот – 110 години од Првиот македонски Илинден, и вториот, асномскиот, од пред 69 години.

Повеќе...

Одбери јазик

mkendefrsqtrsr

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

 ул. Никола Вапцаров 18/1 1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Маја Морачанин  
e-mail: m.morachanin@yahoo.com
тел: 02/5112-900 02/3224-150 

Социјални медиуми

Анкета