Соопштенија

ДОМ: Институциите да ја спречат нелегалната сеча на шумите

Зелената партија ДОМ бара Шумската полиција и ЈП Национални шуми да ги интензивираат сите активности за спречување на нелегалната сеча на шумите. Апелираме МВР да обезбеди асистенција при откривање на дрвокрадците, а надлежните правосудни институции нивно ефикасно санкционирање.

DOM ZNAME

Повеќе...

ДОМ: Веднаш да запрат градежните активности во Старата скопска чаршија!

Зелена партија ДОМ остро се спротивставува на градежните активности во Старата скопска чаршија. Чаршијата е културно историско јадро и симбол на градот Скопје и секоја интервенција влијае на нејзиниот изглед и автентичност. Неслучајно со Законот за Старата скопска чаршија од 2008 година, чаршијата е прогласена за културно наследство од особено значење и е под заштита на државата.  

92977734 10220604608121668 2073612254913232896 n

Повеќе...

ДОМ: Комунална хигиена да го собира сметот и за време на полициски час

Зелената партија ДОМ бара на ЈП Комунална хигиена да и се овозможи собирање на сметот во градот Скопје и за време на полициски час, за да се обезбеди редовно одржување на јавната хигиена.

DOM ZNAME

Повеќе...

ДОМ: Со вонредни инспекции да се заштити животната средина и здравјето

Зелената партија ДОМ апелира до инспекторатите за животна средина и комуналната инспекција да спроведуваат вонредни контроли и да ги санкционираат активностите кои ја загадуваат животната средина. Загрижуваат информациите споделени на социјалните мрежи за загадување на водата во т.н. Усјански канал, како и за неконтролирано одлагање градежен шут на повеќе локации во Скопје, особено во општините Ѓорче Петров и Гази Баба.

DOM ZNAME

За да се овозможи поефикасна инспекциска контрола, бараме во најкус временски рок, на инспекторите за животна средина

Повеќе...

ДОМ: Насилниците најстрого да се санкционираат!

Зелената партија ДОМ го осудува насилството врз девојката од Штип, што беше прикажано преку споделеното видео на социјалните мрежи и порталите. ДОМ ја поздравува брзата реакција на Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство и бара насилниците најстрого да се санкционираат.

DOM ZNAME

Повеќе...

ДОМ се откажува од буџетските средства за партијата

Зелената партија ДОМ се откажува од финансиските средства кои партијата оваа година треба да ги добие од државниот буџет. Во ова време на корона пандемија, драгоцен е секој дополнителен денар наменет за здравствениот систем и надминување на социо-економските последици. Сега, повеќе од било кога, потребна ни е солидарност.

DOM ZNAME

Повеќе...

ДОМ: Конечно се отворија вратите на ЕУ

Зелената партија ДОМ искажува задоволство од одлуката на Советот за општи работи на ЕУ за почнување на пристапните преговори со Македонија. Оваа долгоочекувана одлука ја исправи грешката од октомврискиот самит на ЕУ и ги валоризира успесите во спроведените реформи во изминатиот период. Таа е потврда на европската перспектива како стратешка цел на нашата држава.

domzname

Повеќе...

Европските Зелени: ЕУ мора сега да го започне долгоочекуваниот процес за пристапување на Северна Македонија

Денес, Советот за општи работи на ЕУ најверојатно ќе донесе одлука за отворање на преговорите за членство на Албанија и Северна Македонија, одлука што е долгоочекувана во регионот. Бидејќи двете земји спроведоа значителни демократски реформи, сега треба ЕУ да донесе одлука за да продолжат овие процеси.

European Greens Flag

Повеќе...

Одбери јазик

mkendefrsqtrsrnl

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

ул. Даме Груев бр.5, зграда 1, влез 2, кат Мезанин
1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Маја Морачанин  
e-mail: m.morachanin@yahoo.com
тел: 02/5112-900 02/3224-150 

Социјални медиуми

Анкета