Соопштенија

ДОМ: Да покажеме разбирање за нашите разлики и мудро да ги надминеме

DOM zname 1

ДОМ апелира до сите граѓани на Република Македонија да покажеме разбирање за нашите разлики и мудро да ги надминеме. Да создадеме услови за нив да разговараме низ институциите, преку демократски дијалог. Моменталната политичка ситуација има голем конфликтен потенцијал, а општеството е длабоко поделено по многу основи.

Повеќе...

Средба на Поповска со францускиот амбасадор: Да се водиме од поширокиот интерес на земјата и регионот

So ambasadorot na Francija

Претседателката на ДОМ, Лилјана Поповска, со членови од раководството денес одржа средба со францускиот амбасадор во Република Македонија, Н.Е. Кристијан Тимоније. Беше искажано признание за Република Франција за нејзиниот ангажман на планот на животната средина со историскиот Самит за климатски промени во Париз, по што наша обврска останува ратификација на  Договорот на една од првите седници на новото Собрание. Франција има поддржано многу проекти за заштита на животната средина во Македонија, меѓу кои и физибилити студијата за пречистителна станица за води во Скопје.

Повеќе...

Пoповска: Белгија не е модел за нас!

za na sajt

Ние во Република Македонија речиси две години водевме битка за создавање минимум пристојни услови за избори, за владеење на правото и за борба против криминалот и корупцијата. По изборите очигледно е дека на Македонија и треба паралелно решавање на кризата и на политички и на правен план. Ако се присетиме за што зборувавме, за што се залагавме и за што се боревме како опозиција и ако сега ги согледаме проблемите и барањата за формирање влада, тогаш ќе заклучиме дека практично станува збор за две реалности. За формирање на влада сега се појави друг корпус на прашања што се од меѓуетничка природа и се главна пречка за нејзино создавање. Тие прашања и услови се жежок костен кој се префрла од една во друга рака – вели, меѓу другото, претседателката на ДОМ, Лилјана Поповска во дебатната емисија на ТВ 21.

Повеќе...

ДОМ: Енергетска револуција наместо балканска крчма

isolation ecologique

Министерскиот состанок за енергетика на балканските земји, со присуство и на еврокомесарот Хан е потсетување дека на овој регион му треба енергетска револуција наместо балканска крчма. ЕУ ни отвори можност за 50 милиони евра за проекти од обновливи енергии и енергетска ефикасност, во функција на почиста животна средина. Ни понуди пат кон здрав и квалитетен живот, со европски стандарди преку Програмата за регионална енергетска ефикасност и Фондот за зелен раст. Ефекти би биле смалување на потрошувачката и увозот на енергија, како и на емисијата на штетни гасови.

Повеќе...

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

 ул. Никола Вапцаров 18/1 1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Лилјана Поповска  e-mail: liljana4@t-home.mk
тел: 02/5112-900 02/3224-150

Портпаролка: Маја Морачанин e-mail: maja.moracanin@dom.org.mk
тел: +389 75 61 81 93

Социјални медиуми

Анкета