Соопштенија

МОДОМ избра ново раководство

BeFunkyCollage1

 

На Генералното собрание на Младинската организација на Демократска

обнова на Македонија, кое се одржа овој викенд во Скопје, делегатите од

општинските организации на МОДОМ избраа ново раководство.

Повеќе...

ДОМ: Казандол е заедничка победа на екологистите над валканиот бизнис!

ZA PRESS

ДОМ ја поздравува одлуката на Владата за одземање на концесијата за рудникот Казандол, поради неисполнување на условите од договорот. Ова е чесен потег со кој се покажа одговорност и почитување на правото, но и на здравјето и животната средина. Се покажа дека заложбите на екологистите и нашите заложби како зелена партија има кој да ги чуе и прифати. Тврдевме дека ИМА ОСНОВА ЗА РЕВИЗИЈА на концесијата и тоа се потврди.

Повеќе...

Поповска: Македонскиот Клуб на парламентарки ги кани грчките парламентарки на соработка

klub na pratenicki

Клубот на парламентарки во Собранието на Република Македонија има две насоки на делување: кон внатре, за поддршка на парламентарките за носење закони во интерес на родовата рамноправност и кон надвор, за поддршка на државата во нејзината меѓународна соработка.

Како прв клуб во регионот, нашиот Клуб на парламентарки со години е пример за жени од други парламенти како може жените да се обединат околу за нив битни прашања, надминувајќи ги политичките, етничките и верските граници. Ние со задоволство сме ги споделувале своите искуства со жени од Црна Гора, БИХ, Србија, Албанија, Косово, Бугарија, Молдавија, Украина, Белорусија, од арапски и африкански земји.

Повеќе...

ДОМ: Седница на Централниот одбор за актуелните состојби

za soopstenie

ДОМ одржа седница на Централниот одбор на која се дискутираше за актуелната политичка ситуација, како и за организациски прашања. Во повеќечасовната дискусија беше дискутирано за проблемите во спроведувањето на реформите, кои се неопходни за спречување на иселувањето, посебно на младите луѓе. Членовите изразија и загриженост за идентитетските прашања, во кои се задира по повеќе основи. Побараа надминување на поделеноста на општеството по сите основи, која, заедно со исклучивоста, се особено штетни во овие моменти.

Повеќе...

Одбери јазик

mkendefrsqtrsr

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

 ул. Никола Вапцаров 18/1 1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Лилјана Поповска  e-mail: liljana4@t-home.mk
тел: 02/5112-900 02/3224-150

Портпаролка: Маја Морачанин 

Социјални медиуми

Анкета