Соопштенија

ДОМ: Да се констатира истечен рок на концесијата за Иловица

rudnik za zlato vo Peru

ДОМ очекува Министерството за економија да констатира истечен рок на концесијата за Иловица. До овој заклучок ќе дојде веднаш, со просто прочитување на договорот, по што може да ја извести Владата. Единствениот логичен епилог е одземање на концесијата на следната владина седница, аналогно на случајот со рудникот Казандол.

Повеќе...

ДОМ на конференција за зелени градови во Осло

Oslo Konferencija Za Zeleni Gradovi Hristina Ivana

Христина Оџаклиеска и Ивана Здравеска, советнички од зелената партија ДОМ, во општините Кисела Вода и Аеродром, учествуваа на конференцијата “Градови на иднината-зелениот пристап”, во организација на Европските зелени, од 21 до 22 јуни, во Осло.

Повеќе...

Акција на ДОМ за ослободување на дрвата

Spasuvanje Drva 1

Денес, зелената партија ДОМ спроведе акција за ослободување на “заробените дрва“. Активистите од ДОМ ослободија 4 дрва од дрворедот Кеј 13 Ноември, покрај Вардар. Целта на акцијата е да се поттикнат надлежните институции да се интензивира ослободувањето на дрвата.

Повеќе...

ДОМ: Рудник во Иловица треба да се заборави!

rudnik za zlato vo Peru

ДОМ е континуирано на страната на отпорот против отворање на рудникот Иловица на падините над Струмичко Поле. Тој проект е антиеколошки и ја загрозува животната средина и здравјето на граѓаните. Гледано правно, тој замислен рудник има документи со одамна истечени рокови, слично на Казандол. Нема ниедна основа институциите да дозволуваат однесување на сопствениците како се да е во најдобар ред, па сега им останале уште археолошките истражувања, па да продолжат со копање огромен базен во планината!?

Повеќе...

ДОМ: Стоп за хидроелектраните, со усвојување на Закон за прогласување на Националниот парк Маврово!

mavrovsko ezero

ДОМ бара итно да се поканат претставници на Секретаријатот на Бернската Конвенција со чија помош би се доработил постојниот нацрт на Закон за прогласување на Националниот парк Маврово. Со усвојување на Законот ќе се стави крај на понатамошната узурпација на просторот во заштитеното подрачје.

Повеќе...

Европските Зелени: Северна Македонија заслужува датум за преговори веднаш!

European Greens DOM ZNAME

По најавата на претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск за можното одлагање за добивањето датум за пристапни преговори на Република Северна Македонија искажана на средбата со Претседателот, Стево Пендаровски, ко-претседателот на Европските Зелени, Рајнхард Бутикофер изјави:

„Европските Зелени итно ги повикуваат сите земји членки на ЕУ да помогнат во отворањето на пристапните преговори со Република Северна Македонија. Блокирањето на една ваква важна одлука ќе значи грешка од историски размери. Тоа ќе предизвика екстремно негативни последици за европската безбедност, за стабилноста на Балканот и за кредибилитетот на ЕУ во меѓународни размери. Ваквата одлука ќе претставува страшно предавство спрема граѓаните на Република Северна Македонија.

Повеќе...

Билатерална средба на државните секретари за животна средина од Македонија и Србија

Popovska Karic Petrovska Belgrad 1

Државниот секретар на Министерството за животна средина и просторно планирање Ана Петровска, денеска, оствари средба со државниот секретар за заштита на животната средина во Р. Србија, Иван Кариќ и раководителите на секторите за заштита на природата, за климатски промени, за хемикалии и издустриско загадување и со српскиот координатор на преговарачкиот тим за Поглавје 27.

Повеќе...

Ана Петровска од ДОМ говореше на Конгресот на зелена економија во Белград

Ana Petrovska Belgrad Kongres Zelena Ekonomija

Државниот секретар на Министерството за животна средина и просторно планирање Ана Петровска, учествува на третиот Конгрес на зелена економија (Green EconomyCongress – GEC) што од 6 до 8 јуни се одржува во Белград.

Повеќе...

Поповска: На Македонија и треба датум, за да нема политичка криза и дестабилизација

Lile fotka golema secena

Пратеничката од ДОМ, Лилјана Поповска, ги демантира спиновите што беа претставени во јавноста деновиве, додека таа беше на службен престој во Белград, на Зелен економски конгрес.

Повеќе...

ДОМ: Честитка за Рамазан Бајрам

DOM ZNAME

ДОМ им го честита верскиот празник Рамазан Бајрам на сите граѓани со муслиманска вероисповед, со желба за добро здравје, лична среќа и благосостојба.

 

Одбери јазик

mkendefrsqtrsr

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

ул. Даме Груев бр.5, зграда 1, влез 2, кат Мезанин
1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Маја Морачанин  
e-mail: m.morachanin@yahoo.com
тел: 02/5112-900 02/3224-150 

Социјални медиуми

Анкета