Соопштенија

ДОМ: Прво реформи, а потоа избори со една изборна единица!

Ставот на ДОМ е дека сега не се потребни предвремени парламентарни избори, туку фокусот треба да биде на реализирањето на реформите со цел започнување на преговорите за членство на Македонија во ЕУ. Укажуваме дека при предвремени парламентарни избори оваа пролет, може да се случи и ситуација да немаме избрано Влада во моментот на одлука на ЕУ.

7. DOM ZNAME

Повеќе...

Поповска и Морачанин: Ако сакате општа забрана за цијаниди и сулфурна киселина, веднаш ја поднесуваме старата верзија на законот!

Пратеничките од ДОМ, Лилјана Поповска и Маја Морачанин одговараат на фрлената ракавица од страна на рударската асоцијација на Македонија дека ќе го оспорат донесениот Закон за минерални суровини на Уставен суд. Повод ќе било тоа што, наводно, законот „не бил применлив и логичен“ и содржел забрана за употреба на цијаниди и сулфурна киселина само за рудници со отворен коп?!

50750932 2556992240994476 6780161778648088576 n

Повеќе...

ДОМ: Итни мерки против аерозагадувањето, веднаш!

Skopje Smog

Во овие денови на енормно аерозагадување во градовите, со концентрации на ПМ10 честички повеќе пати над дозволеното ниво, a Скопје е град со најзагаден воздух во светот, ДОМ бара веднаш да се спроведат следните итни мерки:

Повеќе...

ДОМ: Зелениот катастар треба да води кон ревизија на урбанизмот во Скопје

ДОМ ја поздравува изработката на зелениот катастар на Град Скопје, што произлезе како обврска од Законот за урбано зеленило. Не случајно ДОМ со години се бореше за носење на овој закон, зашто зелениот катастар и задолжителниот процент зеленило на ниво на град и на градежна парцела се клучни алатки во борбата со аерозагадувањето.

gradskiparknovasala

Повеќе...

ДОМ: УСВОЕН ЗАКОНОТ ЗА МИНЕРАЛНИ СУРОВИНИ

Во Собранието денеска конечно по едногодишна „собраниска битка“ беше усвоен Законот за минерални суровини. Предлагачи на Законот, покрај пратеничките Лилјана Поповска и Маја Морачанин од ДОМ, беа и Мери Лазарова, Кети Смилевска, Диме Велковски и Сашо Атанасов од СДСМ, Горан Милевски од ЛДП, како и независните пратеници - Ивана Туфегџиќ, Ирена Стефоска, Павле Богоевски и Ферид Мухиќ. Во целиот овој процес постоеше соработка и недвосмислена поддршка за Законот од СДСМ и коалицијата, од над 40 граѓански еколошки организации и иницијативи, како и од Европските Зелени.

7. DOM ZNAME

Повеќе...

ДОМ: Честит Бадник и Божик!

 BADNIK BOZIK 2019

ДОМ на сите граѓани од православна вероисповед им ги честита Бадник и Божик, со желби за добро здравје, среќа и бериќет.

Овие празници да поминат во радост, спокој, солидарност и хармонија во секој дом!

Повеќе...

ДОМ: Колку Лондонски смогови голтнавме зимово и до кога?

Smog Kameni Most

ДОМ ги прашува надлежните институции на државно и локално ниво, кои наместо прогласување аларм за повеќенеделното аерозагадување, чекаат ветре да го расчисти небото: колку Лондонски смогови голтнавме зимово и уште колку ќе голтаме? Зарем е малку да има со недели ПМ10 од 100 до 400 микрограми на метар кубен во десетина македонски градови? Зарем е битно дали има прекини од 2-3 дена помеѓу екстремите? Ова е вонредна состојба со аерозагадувањето и тоа треба да се каже и да се преземат конкретни мерки за негово намалување!

Повеќе...

ДОМ: Новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација е во интерес на сите граѓани!

LIK 3239 1

ДОМ е разочаран што на денешната седница на Комисијата за труд и социјална политика во Собранието, не беше усвоен предлогот на пратеничката Маја Морачанин, Законот за спречување и заштита од дискриминација да биде ставен на дневен ред и да се отвори дебата по ова законско решение.

Повеќе...

Одбери јазик

mkendefrsqtrsr

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

ул. Даме Груев бр.5, зграда 1, влез 2, кат Мезанин
1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Маја Морачанин  
e-mail: m.morachanin@yahoo.com
тел: 02/5112-900 02/3224-150 

Социјални медиуми

Анкета