lile seminar mavrovo

Поповска се обрати на денешната панел дискусија со која стартуваше  Европската недела на одржлива енергија во организација на  Фондацијата Конрад Аденауер  во соработка со Еколошкото здружение Гоу Грин поддржано од Амбасадата на Франција во Р.Македонија. Покрај Поповска на дискусијата свое обраќање имаа и госпоѓа Карен Роше од Француската Амбасада и госпоѓицата Ања Чимек од Фондацијата Конрад Аденауер.

 Поповска во своето обраќање пред  присутните  потенцираше дека сеуште сме на почеток во креирањето на политики од оваа тема, со ниска јавна свест и без довршена и прецизирана законска рамка.

,,Немањето на прецизна статистика за искористувањето и употребата на обновливите извори на енергија и енергенската ефикасност како и терминологијата која во последните десетина години претрпува континуирани допрецизирања.

Енергетскиот напредок и градењето на хидро централи, не по цена на уништување на животната средина посочувајки го примерот на предвиденото градење на хидроцентралите Бошков мост и Луково поле и потребата од сериозни судии и мониторинг од екологистите за градењето во националните паркови.

Сончевата енергија и стимулирањето  од страна на владата и покрај скромниот карактер се многу значајни за препознавањето на можностите,стимулацијата и едукацијата која треба да биде насочена и на општинско ниво со превземени позитивните искуства од Европските земји.

Термалните извори на енергија кои се неправилно занемарени и нивниот голем потенцијал и можности за искористување во Република Македонија.

Сепак последните неколку години засилено се работи на полето од Обновливите извори и енергетската ефикасност од страна на Владата и Демократска обнова на Македонија   надградуваќи го во годините кои доаѓаат,прераснувајки во долгорочна државна стратегија за  Обновливата енергија и енергетската ефикасност".