02.07.2014 2

ДОМ јавно бара средба со Макстил и Југохром, откако сите официјални барања се игнорирани веќе две години. Макстил и Југохром се единствените големи загадувачи што не прифаќаат еколошки дијалог, но и единствените што го пробија рокот за прилагодување! На нив не делуваат ни изречените казни, ни апелите на граѓаните, тие продолжуваат со загадување, правејќи профит врз здравјето на сите нас!

ДОМ бара средба со менџментот на овие фирми, во присуство на невладини организации и граѓани, за да се соочат аргументите и да се излезе од зачадениот тунел. Доколку, пак, продолжи нивниот арогантен однос, ДОМ бара Инспекторатот за животна средина да изрече ЗАБРАНА ЗА РАБОТЕЊЕ! Загадувачите што не сакаа навремено да вложат во свое еколошко прилагодување, треба сега да сопрат со работењето и да не спасат од ерупциите на отровни материи!

ДОМ потсетува дека на овие избори беше договорен еколошки програмски пакет, во кој една од петте точки е СТОП ЗА ЗАГАДУВАЧИТЕ, па очекува сите партнери да се заложат ова да се реализира, зашто е во интерес на секој еден граѓанин на Македонија, независно од политичка, етничка или друга боја.