05.07.2014

ДОМ продолжува со принципиелната поддршка на граѓанската иницијатива "Стоп на загадувањето  од Железара". Протестот на граѓаните е оправдан, бидејќи никој нема право да им го загрозува здравјето и правото на здрава животна средина.

ДОМ го повикува Инспекторатот за животна средина веднаш да прогласи престанок со работа на Макстил и Југохром, се до исполнувањето на еколошкото прилагодување на двата индустриски капацитети. Воедно потсетуваме дека решавањето на индустриското загадување е еден од договорените услови за коалициониот настап на предвремените парламентатни избори годинава. Очекуваме ова да биде исполнето во најбрз можен рок, изјави портпаролот Тони Ристов од протестот.