DOM zname

ДОМ апелира до клучните политички играчи да си подадат раце заради Македонија и нејзините граѓани. Од најголемата владејачка партија очекува лидерство и широкоградост, со која ќе им овозможи на колегите од опозицијата да размислат уште еднаш за својата одлука.

ДОМ апелира и до опозицијата да се врати во Собранието и оттаму да се бори за своите барања. Само така може да остане сплотена и релевантна политичка сила. Сегашниот став е бегство од борбеното поле, кое води кон нејзино внатрешно слабеење, но и кон продлабочување на политичката криза на штета на земјата.

ДОМ укажува дека опозицијата не треба да ја повторува грешката од Парламентарните избори 1994, кога тогашните опозициони партии го напуштија вториот изборен круг, сметајќи дека тоа е нужно и доблесно. Подоцна стана јасно дека одлуката била погрешна, зашто опозицијата не можеше надвор од институциите доволно ефикасно да се бори против штетни одлуки, како што беше, на пример, приватизацијата.

Одбери јазик

mkendefrsqtrsrnl

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

ул. Даме Груев бр.5, зграда 1, влез 2, кат Мезанин
1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Маја Морачанин  
e-mail: m.morachanin@yahoo.com
тел: 02/5112-900 02/3224-150 

Социјални медиуми

Анкета