DOM zname

Претседателката на ДОМ, Лилјана Поповска и претседателката на Форумот на жени на ДОМ, Маја Морачанин денеска ја поддржаа кампањата за борба против рак на дојка „Напред розово 2014 - чекори против ракот на дојка“.

Кампањата ја организираше Здружението „ Борка -За секој нов ден“, во соработка со Амбасадата на САД во Република Македонија, а нејзина основна цел е подигање на свеста кај населението за ракот на дојка. Нанастанот беа присутните и амбасадорот Пол Волерс, сопругата на Претседателот на Република Македонија, г-ѓа  Маја Иванова,министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и претседателката на Борка Биба Додева.

Борбата против ракот на дојката е една од заложбите на ДОМ и досега имаме една цела серија успешно реализирани иницијативи во борбата против женските болестиза подигнување на свеста кај граѓаните за успешно лекување доколку се детектираат во раната фаза, воведувањередовни бесплатни контролни прегледи (скрининг) за подобрување на раното откривање и третман на ракот на матката и ракот на дојката.

ДОМ и во иднина ќе продолжи да дава придонес во борбата против ракот на матката и ракот на дојката.

Одбери јазик

mkendefrsqtrsrnl

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

ул. Даме Груев бр.5, зграда 1, влез 2, кат Мезанин
1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Маја Морачанин  
e-mail: m.morachanin@yahoo.com
тел: 02/5112-900 02/3224-150 

Социјални медиуми

Анкета