DOM zname

На денешниот Централен Одбор на ДОМ беше донесен заклучок :

ДОМ да организира  хуманитарна помош за настраданите области од поплави  во Р.Србија, Р. Босна и Херцеговина и Р. Хрватска.

На седницата се усвои извештајот на ЦИШ во кој се заклучи дека ДОМ на изминатите избори даде значаен придонес во резултатот покажувајќи сериозен организациски капацитет.

Главна мотивација за тоа беше договорот со коалициониот партнер ВМРО-ДПМНЕ за реализација на еколошкиот пакет кој ги содржи заложбите на партијата за:

-          Закон за зеленило и закон за почва кој треба да се реализираат во првите сто дена од идната влада

-          Зајакната контрола на квалитетот на воздухот, водата и почвата;

-          До екипирање на инспекторатите за животна средина;

-          Стоп за загадувачите;

-          Интегрирано управување со отпад во Р.Македонија.

ДОМ ќе ги вложи сите свои напори за одржување на политичката стабилност во државата, со надеж дека опозицијата ќе се врати во Собранието на Р.М. решавајќи ги недоразбирањата преку политички и конструктивен дијалог.

Сектор за односи со јавност на ДОМ

Одбери јазик

mkendefrsqtrsrnl

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

ул. Даме Груев бр.5, зграда 1, влез 2, кат Мезанин
1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Маја Морачанин  
e-mail: m.morachanin@yahoo.com
тел: 02/5112-900 02/3224-150 

Социјални медиуми

Анкета