DOM zname

Претседателката на ДОМ, Лилјана Поповска и Ване Михајловски, член на НВО Вила Зора, на нивно барање денеска имаа средби со директорот на Државниот инспекторат за шумарство и ловство, г-н Билен Саљији и со директорот на ЈП Македонски шуми, г-н Жарко Караџоски, како реализација на неодамнешната најава на заедничката прес-конференција дека ќе се побараат информации од надлежните институции заинтензивната сеча на шуми во Велешко, посебно околу селата Папрадиште и Нежилово.

Во разговорот во двете институции беше искажана силна воља да се спречи дивата сеча и со ревизија на сите аспекти од спроведувањето на Законот за шуми, да се отстранат слабостите кои овозможуваат штети по животната средина. Се говореше и за потребата за дополнително јакнење на капацитетите на институциите задолжени за заштита и чување на шумите со луѓе и опрема, што ќе биде основа за развој на еко-туризмот, како сеуште недоволно искористена можност за Македонија. Во таа насока оди и иницијативата на ДОМ и Вила Зора за прогласување на Јакупица за заштитено подрачје поради својата извонредна природна убавина и богатство на природни видови.

Одбери јазик

mkendefrsqtrsrnl

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

ул. Даме Груев бр.5, зграда 1, влез 2, кат Мезанин
1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Маја Морачанин  
e-mail: m.morachanin@yahoo.com
тел: 02/5112-900 02/3224-150 

Социјални медиуми

Анкета