DOM zname

На денешната трибина на ДОМ под наслов Се почнува од семето, а во рамките на кампањата ДОМ ЗА ЗАШТИТА ОД ГМО, претседателката  Лилјана Поповска рече:

ДОМ бара Македонија да стане ГМО-слободна зона, значи територија без ГМО! Во моментов во земјава постојат 6 ГМО-слободни зони, односно 6 општини чии совети го изгласале тоа во изминатите мандати, како резултат од невладина  кампања. Но парадоксално е што добар дел од сегашните советници и градоначалници не ни знаат дека се дел од европската мрежа на ГМО-слободни територии. Затоа и не го користат тоа како своја предност, за развој на еко-туризам и производство на храна со сертификат од чисто подрачје.

Панче Николов од Зелениот институтја објасни регулативата околу ГМО на меѓународно ниво и начинот на кој одредени земји прогласуваат ГМО-слободни зони, по барање на локалното население, преку локалните власти. На тој начин земјата не е во судир со крутите барања од Светската трговска организација за слободен протек на стоки, а обезбедуваат изразување на вољата на граѓаните. Тој пример треба да го следи и Македонија. Цела Грција, Австрија, скоро цела Италија, делови од Словенија, Унгарија, Германија и др. земји се ГМО-слободни.

Проф. Сузана Кратовалиева од Земјоделскиот институтго објасни начинот на чување на македонски автохтони семиња и укажа на проблемите со кои се среќаваат и опасноста од губење на многу домашни сорти, поради недоволна локална поддршка и стареење на руралното население. Македонија е мала земја со големи семенски ресурси - има 3700 видови генетски ресурси за семе, за разлика од една Шведска, на пример, со само 700 видови.

М-р Александар Димковски, спец. за храна и новинар од Нова Македонија, говореше за истражувањето што го спровел од кој се видел слабиот интерес на медиумите за безбедноста на храната, за разлика од големиот интерес кај потрошувачите. Говореше и за измама поврзана со ГМО-храна, каде потрошувачите во некои земји скапо ги платиле поевтините производи со своето здравје.

Како што заклучимодератотката д-р Маја Морачанин, ДОМ продолжува со кампањата за заштита на Македонија од ГМО, со инсистирање на поддршка на автохтони сорти, со јакнење на банката на семиња, во интерес на здравјето на луѓето, но и на економски развој преку еко-туризам и производство здрава органска храна.

Одбери јазик

mkendefrsqtrsrnl

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

ул. Даме Груев бр.5, зграда 1, влез 2, кат Мезанин
1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Маја Морачанин  
e-mail: m.morachanin@yahoo.com
тел: 02/5112-900 02/3224-150 

Социјални медиуми

Анкета